Психосоцијална поддршка: Проект на Филолошки
Share
Explore

icon picker
Работилница 8 (7.6.2021)

Датум, време и местo

7.6.2021 (понеделник) од 12:00 на Зум:
Topic: Психосоцијална поддршка
Time: This is a recurring meeting Meet anytime
Join Zoom Meeting
https://zoom.us/j/94155847916?pwd=YWY0UU1CQzA0RzdqdUpGZ2ZESytXdz09
Meeting ID: 941 5584 7916
Passcode: 077198

Белешки од средбата

На средбата присустуваа 11 учесници.
Средбата започна со воведна вежба со наслов Како сум? По воведното дишење, учесниците го рекапитулираа минатиот ден од нивниот живот: што правеле и како се чувствувале. Иако изгледаше како едноставна задача, одењето во минатото не беше лесно за сите. Ова не изненадува бидејќи некогаш не обрнуваме внимание на она што било, иако престојот во минатото може да помогне да осознаеме што се' влијае на нашето расположение и какви лекции/решенија можеме да извлечеме од таквите искуства.
Следеше разговор во врска со тоа како се чувствувавме пред 2.5 месеци (на почетокот на проектот) во споредба со сега. Дали и какво влијание имал проектот врз нас? Колегите зборуваа за тоа дека учеството на проектот им помогнало да си дадат дозвола да прават нешта за кои „немале време“ и/или да се соочат со некои состојби за кои немале храброст претходно (на пр. сопствената ранливост). Теоретските алатки им помагаат подобро да разберат што им се случува и, врз основа на тие сознанија, да изнаоѓаат нови решенија. Друга придобивка е што проектот овозможил учесниците подобро да се запознаат на лично, не само на професионално ниво. Фактот што „сите сме во ова“ влијаел релаксирачки на некои колеги - важно е да се јакне чувството на припадност во колектив и солидарност. За некои од учесниците, проектот претставувал своевидно безбедно место. Лина меѓу другото прокоментира дека автентичноста нема цена; не треба да се откажуваме од автентичноста заради приврзаност. Оваа проектна група го прави токму обратното: ја користи автентичноста за поврзување.
Во врска со впечатокот на неколку членови на проектот дека мал број наставници (15 од 100-ина) се вклучиле во проектов, Лина не се согласи: 15% свесност во возрасна популација е одлична бројка. Малцинства секогаш ги трасираат патеките за промени, никогаш мнозинството.
На прашањето дали треба да намалуваат критериумите за полагање испити заради пандемијата, Лина препорача дека во моменти на криза, наставниците не треба да ги намалуваат очекувањата, туку да ги прилагодат околностите за успех (на пр. Дали може да се помести испитот за да студентите да имаат повеќе време за подготовки? Дали може да се полага на делови?) Доволно е наставникот да покаже грижа и подготвеност за дополнителна работа/маневрирање за да го мотивира студентот, кој, особено во услови на криза, сака да има прилика да успее (не да добие незаслужена награда).
Во останатиот дел од средбата, подгрупите разменија мислења за работата на текстот за публикацијата и се договорија следни чекори (видете ја снимката од средбата за детали). Во кратки црти, групата Содржини за грижа за себе доби насоки за мали содржински прилагодувања и евентуални прилагодувања на стилот за текстот да звучи поинклузивно. Групата Содржини за наставата ќе ги преработи примерите од наставата, кои во моментот се формулирани како сижејни потточки и заради тоа можат да бидат нејасни за надворешен читател. Потребно е и реорганизирање на содржините за полесно следење.
Досегашниот текст од публикацијата е достапен .

Снимка од средбата

Share
 
Want to print your doc?
This is not the way.
Try clicking the ⋯ next to your doc name or using a keyboard shortcut (
CtrlP
) instead.