Психосоцијална поддршка: Проект на Филолошки
Share
Explore

icon picker
Работилница 3 (14.4.2021)

Датум, време и местo

14.4.2021 (среда) од 14:00 на Зум:
Topic: Психо-социјална интервенција
Time: This is a recurring meeting Meet anytime
Join Zoom Meeting
https://zoom.us/j/94155847916?pwd=YWY0UU1CQzA0RzdqdUpGZ2ZESytXdz09
Meeting ID: 941 5584 7916
Passcode: 077198

Белешки од работилницата

На работилницата учествуваа 13 наставници.
На почетокот од работилницата, Лина Ќостарова Унковска предложи да се започне со техника за дишење во која сите ќе земат учество, бидејќи техниката за дишење е ефикасна алатка што може да ја користиме за смирување по состојба на вознемиреност, релаксација - како самопомош во сите ситуации кога имаме потреба. На овој начин ги пресретнуваме механизмите на телото за самоодбрана - имено, телото ги појачува нивоата на стрес во услови на закана. Со техниките на релаксација се интервенира во таквите автоматизирани однесувања и се стекнуваат нови навики. Лина нагласи дека луѓето што се под хроничен стрес може да ја доживеат релаксацијата како закана и стрес заради чувството на губење контрола. Сепак, со вежбање, ваквите ограничувања можат да се надминат. Учесниците ги споделија и нивните искуства со користење на различни техники на дишење.
Потоа Лина се надоврза на дискусијата за некои од заклучоците што произлегоа од истражувањето Настава на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во услови на пандемија, спроведено во јули-август 2020 од стсрна на Елена Ончевска Агер и Руска Ивановска-Наскова. Според наодите од тоа истражување, студентите ги навеле следните состојби поврзани со нивниот академски и личен живот во услови на пандемија: тешкотии со самодисциплина и фокус, губење волја и мотивација за учење, чувство на депресија. Истите состојби се присутни и кај наставниците. Можностите кои ги наведе за справување со ваквите состојби, меѓу другото се: да се менуваат приоритетите, да се бара помош, да се практикува грижа за себе, да се увиди како да се исконструира протор каде ќе се чувствуваме безбедно и моќно.
Потоа, се пристапи кон дискусија на две приказни во врска со соочување со потешкотии во пандемија (видете Пример 1: Младата мајка и Пример 2: Раководителката од зададените задачи во Работилница 2). Едниот пример се однесуваше на предизвиците на млада мајка која се обидува да балансира меѓу грижата за малото дете и кариерата во комплексна семејна ситуација, додека другиот пример ги третираше проблемите на жена во педесетите години која одеднаш за време на пандемиската криза се соочува со зголемен обем на работа и нетрпение во домот. Учесниците работеа во две групи кои одделно дискутираа по една од овие ситуации, обидувајќи се да ги идентификуваат проблемите со кои се соочуват опишаните жени и да предложат поуспешно справување со ситуацијата во која се нашле. Притоа, учесниците работеа со следните концепти: автентичност, приврзаност, безбедност, учество, креативност, оригиналност, флексибилност, толеранција, безбедно место. Потоа и двете групи реферираа во заедничката сесија за главните поенти од дискусиите што се воделе во групите. Лина истакна дека е важно да научиме да не ги судиме другите и укажа на тоа дека во услови на пандемија не можеме да ги решаваме проблемите на ист начин како вообичаено, туку треба да бидеме креативни во изнаоѓање решенија, пришто решението не смее да ја загрози безбедноста на оние околу нас. Во текот на дискусијата, беа спомнати повеќе можни анализи на ситуацијата. Во тој контекст, Лина наведе дека кога целиот товар е на една личност, таа ќе се почувствува немоќна, исцрпена, очајна, па поради тоа е многу важно да се изнајде простор и време за задоволување на нејзините потреби. Само преку автентичен контакт со себе можеме да допреме до другите луѓе. Лина повторно нагласи дека на кризата треба да гледаме како на шанса за промена на подобро, под услов да сме подготвени креативно да ги истражуваме можните излези од проблематичната ситуација. Како пример за креативно решение за да се зацврсти приврзаноста помеѓу студентите, беше спомната студентска иницијатива колегите да се подружат во парк во тек на пандемијата, во период кога најголем дел од нив секако доаѓаат на факултет заради административни обврски.

Задачи за Работилница 4

Во врска со понатамошните активности во однос на тоа како сите овие пристапи за кои се дискутира на работилниците да ни помогнат да можеме да бидеме повклучени во помагање на студентите, Лина издвои две идеи:
Да ги информираме нашите студенти за психо-социјалната програма која се спроведува низ овие работилници. Притоа, да им се даде можност да размислат и да предложат како да бидат дел од истата, и дали/како мислат дека тоа може да им биде корисно и да им помогне. Еден предлог е да одвоиме 10-15 минути од секој час, време во кое ќе се зборува за тоа како се чувствуваат за време на пандемијата и како се справуваат со неа.
Да размислиме на кои начини можеме да им дадеме поголема одговорност на студентите со што кај нив би се развило чувство на поголема вклученост, кое им е потребно за да не се чувствуваат немоќни и/или бескорисни. Конкретно, во однос на часовите, тоа може да се изведе така што да им ги отстапи на студентите сами да го направат изборот на содржините и/или сами да организираат час. Притоа е важно да се поттикне нивната автономија во учењето, со тоа што секој наставник може посебно да осмисли како да го спроведе тоа, а потоа би ги размениле искуствата на следната работилница.
Се договоривме да се поврземе во мали групи (видете ја поделбата подолу - внимававме учесниците да бидат распределени на тој начин што ќе припаѓаат на различни катедри и ќе предаваат во слични студиски години) и да размениме мислења, на мејл или преку средба во реално време. Групите се именувани со концепти од работилниците, за пристапот да биде поигрив - секако, групите можат да се преименуваат. :) Во тие мали групи би дискутирале за тоа како да ја искористиме нашата ситуација за да ја подобриме комуникацијата со студентите, како да ги развиеме капацитетите за да им дадеме поддршка. Понатаму, до Работилница 4, учесниците би спровеле конкретни активности со нивните студенти и би реферирале во врска со искуствата. Во рамки на малите групи, наставниците би можеле, доколку има расположение, да ги набљудуваат ефектите од спроведените активности на часовите на нивните колеги.
Учесниците исто така дискутираа за своите претходни искуства кога ги поттикнале студентите сами да одржат час или на поинаков начин овозможиле поголемо активно учество на студентите за време на часовите. Лина истакна дека и кога овие активности одат потешко, не треба да се обесхрабруваме зашто е важно на студентите да им се даде мотивација и да се стимулираат да произведат нешто, а не да се обвинуваат дека се неодговорни.
Во однос на понатамошните чекори, беше даден предлог да се работи во фази: во првата фаза да се фокусираме на тоа како да се подобри комуникацијата на наставниците со студентите, а потоа и на тоа како да се подобрат условите на факултетот за поефективно да им излегува во пресрет на нивните потреби. И понатаму ќе се дискутираат трите аспекти: работа на себе, работа со студентите и подобрување на условите во установата. Проектот би можел да се заокружи со список на препораки за конкретни активности и стратегии што можат да се преземат, базирани врз емпириските искуства на учесниците во проектот. Ваквите идеи понатаму можат да се споделат со студентите, кои, во улога на консултанти, би дале коментари за нивната целисходност.
Следната средба е закажана за 2 недели.
Поделба во групи за Работилница 4
0
Назив на група:
Име и презиме:
Имејл:
Година/и во која/кои главно предава
1
Автентичност
Елена Ончевска Агер
elena@hey.com
четврта
2
Елизабета Шелева
selieva@gmail.com
трета и четврта
3
Солзица Поповска
solzica_popovska@yahoo.com
трета и четврта
4
Приврзаност
Искра Тасевска Хаџи-Бошкова
iskratasevska@yahoo.com
втора и трета
5
Владимир Цветкоски
cvetkoski@flf.ukim.edu.mk
трета
6
Зорица Трајкова
trajkova_zorica@flf.ukim.edu.mk
втора и трета
7
Безбедност
Калина Малеска
kalina.maleska@flf.ukim.edu.mk
прва и втора
8
Станислава-Сташа Тофоска
stofoska@yahoo.com
прва
9
Ирина Талевска
irinatalevska@flf.ukim.edu.mk
прва и втора
10
Учество
Соња Китановска-Кимовска
sonjakitanovska@flf.ukim.edu.mk
втора и четврта
11
Лидија Танушевска
lidkapol@yahoo.com
втора
12
Ивана Дуцкиноска
iduckinoska@flf.ukim.edu.mk
втора
13
Креативност
Бобан Карапејовски
karapejovski@flf.ukim.edu.mk
прва и четврта
14
Kатарина Ѓурчевска Атанасовска
katarina.gjurcevska@gmail.com
прва и трета
15
Руска Ивановска-Наскова
rivanovska@flf.ukim.edu.mk
прва и трета
16
Сања Михајловиќ Костадиновска
sanja.flf@gmail.com
прва и трета
There are no rows in this table

Share
 
Want to print your doc?
This is not the way.
Try clicking the ⋯ next to your doc name or using a keyboard shortcut (
CtrlP
) instead.