Skip to content
Психосоцијална поддршка
  • Pages
    • Концепција
    • Прв циклус (март-јуни 2021)
    • Работилница 1 (26.3.2021)
    • Работилница 2 (5.4.2021)
    • Работилница 3 (14.4.2021)
    • Работилница 4 (28.4.2021)
      • Група 1: Белешки
      • Група 2: Белешки
      • Група 3: Белешки
      • Група 4: Белешки
      • Група 5: Белешки
    • Работилница 5 (12.5.2021)
    • Работилница 6 (19.5.2021)
    • Работилница 7 (28.5.2021)
    • Работилница 8 (7.6.2021)
    • Работилница 9 (14.6.2021)
    • Втор циклус (декември 2021-јуни 2022)
    • Работилница 1 (22.12.2021)
    • Работилница 2 (20.1.2022)
    • Работилница 3 (9.3.2022)
    • Работилница 4 (14.4.2022)
    • icon picker
      Работилница 5 (26.5.2022)
    • Нова криза, нова поддршка (26.3.2025)

Работилница 5 (26.5.2022)

Датум, време и место

26.5.2022 (четврток) во 13:00, на Зум:
Topic: Психо-социјална интервенција
Time: This is a recurring meeting Meet anytime
Join Zoom Meeting
https://zoom.us/j/97613252600?pwd=V1llZVhJNjNsL0ZhaHZJbmV0Rm5nQT09
Meeting ID: 976 1325 2600
Passcode: N4V3y6

Програма

Меѓусебно информирање на подгрупите за првите средби наставници-студенти
Дискусија за следните активности на групата

Белешки

На работилницата зедоа учество 18 колеги, наставници и студенти.
Лина им посака добредојде на студентите, кои се вклучуваат во проектната група во фазата кога заедно со наставниците ќе работат на подобрување на климата на факултетот.
Најпрво се претставија студентите и зборуваа за нивната мотивација да се приклучат во проектот: да се слушнат нивните мислења, да се влезе во акција на значајни теми наместо само да се набљудува и негодува. Потоа се претставија наставниците, кои искажаа слични мотивации со студентите; некои колеги зборуваа и за важноста да се работи паралелно на личната и колективната добросостојба. Се претстави и Лина, која зборуваше за моќта на вклученоста да ја подобри не само физичката средина на поединецот, туку и добросостојбата на личноста. Потоа Лина го претстави моделот на Јенсен, според кој се водиме во оваа фаза од проектот. Лина подвлече дека добросостојбата е неопходен услов за ангажман за унапредување на средината. Ангажманот, од друга страна, ја подобрува добросостојбата.
Во мали групи (студенти и наставници), учесниците ги споделија своите впечатоци од досегашната работа на проектот. Имаше предлог да се спојат двете постоечки групи (Администрација и Полагање) во една, во која би функционирале подгрупи. Предлогот се прифати. Се дискутираше и улогата на наставниците во проектот: да помагаат со консултации и ресурси. Но, за студентите да имаат вистински придобивки од работата, задачите треба да ги сработат сами, а наставниците треба да остават простор за таквиот нивен ангажман. Се даде предлог да им се обезбеди и физички простор на факултет за студентите да можат да работат на проектот. Коментарот на Лина беше дека е важно студентите сами да се залагаат за постигнување на целите, а наставниците да помагаат од позиција на експертиза, не од позиција на моќ.
Договорено беше комуникацијата на проектот да продолжи на платформата Слак, каде ќе бидат резимирани досегашните планови на групата и ќе продолжи планирањето и истражувањето во текот на летото, за од септември-октомври групите да стапат во акција.

 
Want to print your doc?
This is not the way.
Try clicking the ··· in the right corner or using a keyboard shortcut (
CtrlP
) instead.