Психосоцијална поддршка: Проект на Филолошки
Share
Explore

icon picker
Работилница 9 (14.6.2021)

Целта на оваа работилница е да се сретнеме за конечна размена на мислења во врска со публикацијата (видете линк до публикацијата во продолжение) и да се договориме за начинот на претставување на проектот пред колегите на ННС.

Датум, време и местo

14.6.2021 (понеделник) од 12:00 на Зум:
Topic: Психосоцијална поддршка
Time: This is a recurring meeting Meet anytime
Join Zoom Meeting
Meeting ID: 941 5584 7916
Passcode: 077198

Белешки од средбата

На работилницата учествуваа 11 наставници.
Лина Ќостарова Унковска ја започна работилницата со пофалби за досега сработеното. Посочи дека не е само организацијата битна, туку и самиот пристап, особено на Комисијата. Во случајот, соработката била навистина транспарента и емпатиска. И останатите од групата се надоврзаа на пофалбите и заслугата на координаторите за работата. Некои од наставниците кажаа дека биле доста позитивно изненадени од текот на работите и очекуваат оваа дружба да продолжи и понатаму бидејќи преку работилниците се увиде дека има многу убави моменти и во не толку позитивни времиња. Така се поттикна и прашањето дека една од целите на проектот била да се искористат стравовите кои ги имаме за да се развиваме и растеме и да го подигнеме степенот на толеранција и разбирање кон другиот којшто не е како нас. Во период на криза, поделбите што се прават се уште поголеми па едно од решенијата е да ги видиме другите од друг агол на интегритет и разбирање. Исто така, се спомена дека можеби темпото на работа било малку понапорно од очекуваното, но сепак искуството било убава комбинација на обврска и задоволство.
Оттука дискусијата за насочи кон публикацијата. Се истакна дека публикацијата што се спрема е сè уште во процес на работа, ќе се надополнува па така како „жива“ материја има терапевтско дејство врз нас. Се сподели дека колегите придонесувале, одзивот бил огромен и имало вклученост од сите. Има доволно содржина, но треба да се адаптира. Во однос на тоа како ќе се престави проектот пред другите, договорот е дека фокусот треба да е на тоа дека има публикација, временската рамка, колку наставници учестуваа и да се сподели линк до публикацијата. Потоа се постави прашањето дали да се повикуваат останатите колеги да придонесат со своја приказна во делот со приказните со коешто сите се согласија. Следно дискусијата беше насочена на организацијата на информациите во публикацијата.
На крај, се постави прашањето кој и како ќе се презентира проектот и публикацијата пред пошироката јавност. Се даде предлог да се пишуваат кратки блиц информации што би поттикнувале поголем интерес за големата публикација и да се споделуваат преку социјалните мрежи. Еден начин како да се направи тоа е прво наставниците кои учествуваат во проектот да напишат накратко по неколку реченици за секој дел, па потоа студентите да се вклучат во ширење на таа идеја. Друг начин е да им се остави таа задача на студентите, а еден од учесниците во проектот да го проверува сработеното од студентите и да го праќа за објавување. Исто така, добар предлог за поголема вклученост на студентите би бил да им се даваат примери од публикацијата (особено делот со добри примери од пракса) за да им послужи при подготовка на нивни презентации за час, па така и самите студенти да ја прочитаат публикацијата.
Во однос на презентирањето на проектот пред ННС, главниот конзенсус беше Елена и Соња да го претстават проектот како членови на Комисијата којашто го започна овој проект.

Публикацијата

е достапна .
Share
 
Want to print your doc?
This is not the way.
Try clicking the ⋯ next to your doc name or using a keyboard shortcut (
CtrlP
) instead.