Психосоцијална поддршка: Проект на Филолошки
Share
Explore

icon picker
Работилница 4 (14.4.2022)

Датум, време и место

14.4.2022 (четврток) во 12:30, на Зум:
Topic: Психо-социјална интервенција
Time: This is a recurring meeting Meet anytime
Join Zoom Meeting
https://zoom.us/j/97613252600?pwd=V1llZVhJNjNsL0ZhaHZJbmV0Rm5nQT09
Meeting ID: 976 1325 2600
Passcode: N4V3y6

Програма

Претставување на досегашното искуство со студентите
Дискусија за следните активности на групата

Белешки

На работилницата присуствуваа 9 наставници од групата којашто ја сочинуваат 19 членови. На почетокот, психологот д-р Лина Ќостарова Унковска укажа на потребата од мотивирање на студентите за вклучување во истражувачкиот дел од работата на студентските потреби, кои произлегоа од вклученоста на наставниците на претходните работилници. Таа истакна дека студентите треба да бидат запознаени со фактот дека тоа не е процес во кој се исполнуваат нивните желби, туку заеднички процес (низ кој минуваат и студентите и наставниците), во кој сите учесници учат нешто за себе. Во тој контекст, психологот д-р Лина Ќостарова Унковска истакна дека наставникот треба да се постави како водач кој е мотивиран од јасни идеи и се поставува рамноправно со студентите. Тој треба да ја поттикне довербата на студентите, како во однос на процесот така и во однос на нивното доживување на себеси како фактор на промената. Позицијата на наставникот е клучна за да се истакне фактот дека она што се мери во тој процес не е успехот, туку она што сме го научиле во тој процес. Во таа смисла, психологот д-р Лина Ќостарова Унковска рече дека е корисно да се употребуваат некои „магични“ зборови, со цел да се поттикне чувството на инклузивност – во дијалогот да користиме „ние“ наместо „јас“, да зборуваме за поддршка на идеи и иницијативи наместо за помош, да се разговара за потенцијали и ресурси наместо за успех, како и да се избегнува употребата на „но“ или „ама“ и да се употребува сврзникот „и“ со значење на дополнување и вклучување.
Во поглед на фазата на истражување на одбраната тема (барање, приоритет), беа истакнати неколку етапи кои е нужно да се следат:
1. да се објасни идејата која стои во заднината и на другите членови од академската заедница, како и да се расчлени таа на помали целини, со цел да се формираат тимови кои ќе работат на одреден сегмент;
2. да се утврди временската рамка, динамика и планот за работа, со што ќе се создаде база од податоци за натамошно дејствување;
3. да се разгледаат можностите и ресурсите (просторни, човечки, регулаторни и др.) за дејствување во однос на одреден сегмент;
4. да се обезбеди транспарентност на процесот со привлекување на поголем број истомисленици;
5. да се идентификуваат бариерите (предизвиците) во процесот;
6. да се изградат стратегии и алатки за нивно надминување.
Во текот на дискусијата, беа посочени неколку аспекти од досегашните разговори со студентите за оваа активност:
– заинтересираноста на студентите да работат со колеги од други групи на одредена тема и потребата да им се остави впечаток дека прават нешто што ќе биде корисно за идните генерации, но и за нив самите;
– резервираноста на студентите во поглед на нивното активно вклучување (истражување) на определената тема;
– потребата да им пренесеме впечаток на студентите дека е најважен процесот на учењето, а не само готовите факти кои се пренесуваат без нивно вистинско ангажирање;
– поттикнувањето на нивното вклучување во истражувањето на темата преку мотивирање – да се потсетат на некој успех со кој се гордеат и што го постигнале благодарение на сопственото несебично вложување во процесот.
На крајот беше истакната потребата да се оди по посочените етапи во процесот на истражувањето на темата бидејќи е нужно да не се прескокнуваат одделните чекори. Студентите треба да се запознаат уште еднаш со Јенсеновиот партиципативен модел на промени кој, покрај фазата на истражувањето, ги подразбира и: градењето на визијата (идеалите), акцијата и промената. До крајот на семестарот, студентите можат да се вклучат во фазата на истражувањето и да го направат процесот транспарентен за јавноста. Притоа, листата на потребите може да стои за начелен увид, но групите формирани од студентите доброволци да работат на најмногу една до две потреби. До следната работилница се договорија следните задачи за учесниците:
- Лина да ни прати објаснување за фазите од процесот за да ги претставиме пред студентите во текот на следната недела (до 22.4.2022 г.)
- Комисијата за унапредување на наставата да подготви анкета на Гугл за да се состави единствен список на заинтересирани студенти и наставници по теми. Со анкетата би се собрале следните податоци: име, презиме, катедра, контакт, на која тема сакаат да работат (да се даде избор од двете теми: поедноставување на административните процедури + повеќе можности за полагање)
- Сите наставници да ја споделат анкетата со студентите и самите да ја пополнат (во текот на следната недела до 22.4.2022 г.)
- Во последната недела од април (меѓу празниците Велигден и 1 Мај) двете групи (студенти и наставници) да одржат посебни средби и да почнат да истражуваат за да имаат прашања што би ги дискутирале на следната заедничка средба со Лина во првата или најдоцна втората недела од мај.
Share
 
Want to print your doc?
This is not the way.
Try clicking the ⋯ next to your doc name or using a keyboard shortcut (
CtrlP
) instead.