Психосоцијална поддршка: Проект на Филолошки
Share
Explore

icon picker
Работилница 7 (28.5.2021)

Датум, време и местo

28.5.2021 (петок) од 12:00 на Зум:
Topic: Психосоцијална поддршка - работилница 7
Time: May 28, 2021 12:00 PM Sarajevo, Skopje, Zagreb
Join Zoom Meeting
Meeting ID: 959 3048 3788
Passcode: 943796

Агенда

1. Воведна активност
2. Развој на моделите, приказ на рамки и дискусија (видете Прилог 1 на тема самогрижа и Прилог 2 на тема грижа за студентите)
- Поделба на групи за следење и финализирање на задачите
3. Размислување што понатаму...
4. Разно (уточнување на термините за преостанатите средби, известување за до колегите на Филолошки и УКИМ, како и до медиумите по повод Мај - месец на менталното здравје)

ПРИЛОГ 1: Градење индивидуализиран (персонализиран) модел на грижа за себе

Концептуална рамка – откривање на автентичното јас, низ поврзување со себе, како претпоставка за поврзување со другиот, како развоен процес на еманципација, автономија и ре-интеграција и поврзување со светот...
Компоненти – отвореност за истражување на сопствените потреби, таленти, способности за..., безбедно поврзување на сите делови (добри, скриени, слаби, посакувани, заканувачки...) како делови од нераскинлива целина, без судење, споредби, игнорирање, избегнување, страв, вина, со љубопитност на дете кое нема став...
Индивидуализираниот модел на грижата за себе се потпира на автентичен однос со себе, кој се развива низ процеси на учење и созревање. Автентичното јас, не е константа, не е цел сама по себе, не е копија, не е задача „како треба“ да биде. Се потпира на сопствените искуства на истражување и креаирање оригинални, индивидуализирани решенија, на лични искуства на водство и учење како да се прифатат отворени исходи, контекстуално поврзани вистини, со градење толеранција и нежност кон себе, кои и самите се унапредуваат низ процесот на учење, како дијалектички процес на промена. Целта е подобрување на контактот со себе и постепено безусловно прифаќање на себе како такви, со сите последици, и со отвореност кон одговорноста за своето постоење и постапки, а со тоа и со поголема спремност кон разгледување што повеќе можности и оптимални решенија за промени.
Содржини

ПРИЛОГ 2: Предлог-формати за час, со примери на добри практики

Неформален дел (10-15 минути, т.е. 1/6 од часот) - се однесува на разговори поврзани со „сега и овде“ настани, доживувања и/или чувства – како рефлексија на моментот, а по најразлични поводи. Обично се тоа општи состојби, но со доволно лична конотација (значење). Тоа може да бидат содржини внесени од надвор, или доминанто чувство или однесување на групата... Целта е освестување на моментот „сега и овде“, односно на се’ она што со себе сите учесници (и студентите) го носат на часот. Наставникот низ вакви искуства учи да го забележи и следи пулсот на групата, нивната вклученост и емпатиски да реагира во вистинскиот момент. Притоа, тој/таа ја има контролата, да внимава активноста да не ја премине границата на интимно лични стории, за кои доколку се појават, мора да се обезбеди време надвор од часот.
Примери за овој дел: Проверка на енергетскиот пулс на групата на почетокот, или на крајот на часот, или ако се забележи пад на интересот... ; при вознемирувачки настан, поврзан со, или надвор од, студентскиот живот: да се каже името, па секој да каже еден збор - асоцијација, да се слушне секој, да се изгради заедничка слика/однос, да се види дека се сите заедно во тоа, на различни начини; при мнозинско однесување на студентите (на пр. затворени екрани, отсуство на секогаш исти студенти, пасивност, повлеченост и сл.) да се стави на дискусија – за откривање и подобро разбирање на различните контексти на однесување... ВАЖНО за водењето на овие разговори е: да се почитува сечие мислење (особено различно, или спротивставено), да се покаже автентично љубопитство, да не се коментира или суди, да нема квалификации, да не се поставуваат реторички прашања...
Овој дел, кој може да се случува на почеток, како вовед во часот, но и во кој било друг сегмент од наставата е со цел подобро запознавање меѓу студентите, ослободување вишок енергија, мотивирање на студентите за поголемо учество на часот „сега и овде“. Тој може, преку моделот на наставникот и личните искуства на студентите, да придонесе и кон развој на емпатија кон другиот, на пораст на толеранција на различностите, односно низ активно учество на студентот и на воспоставување безбедна атмосфера на соработка на часот и пошироко. Конечно, тоа може да биде и јасен израз на грижата за емоционалното и менталното здравје на студентот, од страна на наставникот и институцијата што ја претставува.
Главна тема (програмски содржини) на часот – обработена со учество на студентите, преку разни форми и степени на учество: од целосно (со сопствени идеи и иницијативи), преку поделено учество (со делегирање задачи и одговорности), до минимално учество на студентот (со коментари, сугестии и фидбек на предавањето на наставникот) - 70 минути, т.е. 2/3 од часот
Техники на самопомош, преземени од позитивната психологија (на пр. дишење, јога, медитација, благодарност, истегнување, ритуали на грижа за себе, исхрана, физичка активност, дружење...)
Препораки како понатаму (листа на референци, која е секогаш спремна, некаде е поставена, и отворена за дополнување, се препорачува, и зависно од потребата може да биде поврзана со одредена тема - на пр. справување со пад на мотивација за учење; вежби за враќање на фокусот, надминување на разни состојби – тага, губитоци, стравови, панични напади и сл.)
За секој од наведените делови треба да се излистаат примери на добри практики – кои се испробани како ефикасни во личните искуства на наставникот, но и поткрепени, доколку имаме евиденција, со мислења и коментари од студентите.

Белешки од работилницата

На седмата работилница присуствуваа десетмина. Во уводниот дел се разговараше за одѕивот на анкетата за студентите (126 студенти одговориле) и за потребата од тоа да се разговара што ќе се прави понатаму откако, првично, ќе се примени сето она што беше кажано и утврдено досега, по што ќе се има простор за размислување за натамошните чекори.
Во првиот дел од работилницата се разговараше за развивањето модел за грижа за себе. Учесниците ги споделија своите искуства за тоа дали и како се грижат за себе, дали имаат некакви ритуали или секојдневни активности што им помагаат да се стават себеси во фокусот и да си помогнат, на некој начин. Сите такви активности, вклучително и создавањето безбедно место, функционираат во опуштени услови, треба да се применуваат често за да се достигне степен на автоматизација за да можат да функционираат и кога е некој под притисок, во стресна или проблематична ситуација. За да функционираат алатките, треба, практично, самите да комуницираме со себе и да си дадеме дозвола за такво нешто, да бидеме нежни со себеси, без „камшикување“ дека нешто(то) мора да се направи.
Откако се направи групна вежба за опуштање (со помош на техниките за дишење) и создавање и одење на своето безбедно место, се разговараше за индивидуалните искуства на таа тема: да си дозволиме себеси да одиме на место каде што ни е убаво, отпорот што се случува во тој процес, како и постојаниот дијалектички судир на двете страни: добрите/убавите чувства наспрема лошите. Ваквите алатки овозможуваат и поврзување со емоционалната страна – не се само когнитивни и визуелни средства.
Во вториот дел фокусот беше ставен на развојот на модели. Предложената рамка од Лина беше операционализирана: се формираа две поголеми групи, во кои се поделија учесниците во работилниците, кои ќе работат на одделни сегменти на зададениот модел. Имено, едната група ќе се занимава со индивидуата, самопомошта и референци кон материјали што можат да ни помогнат, а другата со формати на настава, во кои ќе бидат интегрирани и доразвиени добрите практики споделени во рамки на проектот. Идејата е сето тоа да се постави на интернетско место, од каде што ќе биде поврзано со факултетската страница и достапно за сите.

Работни групи

Ги повикуваме сите колеги што не беа присутни на работилницата да се вклучат во работата на групите со тоа што ќе го додадат своето име во една од групите во следната табела (рокот за прва верзија на напишаното е понеделник, 7.6.2021):

Резултати од анкетата за студентите

На следниот линк ќе ги најдете одговорите на студентите од анкетата што ја спроведовме заедно на тема мислења во врска со наставните практики за подобрување на нивната вклученост:
Тука се наоѓаат грубите графички прикази на статистичките податоци од анкетата:
Се надеваме дека податоците од анкетата ќе ви помогнат во составувањето/поткрепувањето на содржините на кои работиме во групите.

Снимка од работилницата


Share
 
Want to print your doc?
This is not the way.
Try clicking the ⋯ next to your doc name or using a keyboard shortcut (
CtrlP
) instead.