Skip to content
Психосоцијална поддршка
  • Pages
    • Концепција
    • Прв циклус (март-јуни 2021)
    • Работилница 1 (26.3.2021)
    • Работилница 2 (5.4.2021)
    • Работилница 3 (14.4.2021)
    • Работилница 4 (28.4.2021)
      • Група 1: Белешки
      • Група 2: Белешки
      • Група 3: Белешки
      • icon picker
        Група 4: Белешки
      • Група 5: Белешки
    • Работилница 5 (12.5.2021)
    • Работилница 6 (19.5.2021)
    • Работилница 7 (28.5.2021)
    • Работилница 8 (7.6.2021)
    • Работилница 9 (14.6.2021)
    • Втор циклус (декември 2021-јуни 2022)
    • Работилница 1 (22.12.2021)
    • Работилница 2 (20.1.2022)
    • Работилница 3 (9.3.2022)
    • Работилница 4 (14.4.2022)
    • Работилница 5 (26.5.2022)
    • Нова криза, нова поддршка (26.3.2025)

Група 4: Белешки

Кратко резиме на групна дискусија на група 4 (Соња, Сања и Зорица)
Активности со студентите:
- Видеа за позитивна психологија (на теми како благодарност, љубезност, што е „убаво“, хедонистичка адаптација, методот WOOP на Елизабет Дан, и сл.)
- Доброволна активност – студентите држат часови за средношколци (видео на шпански го преведуваат на македонски, па го презентираат пред средношколци, по што следуваат едноставни активности за учениците по шпански) – целта е поголема мотивација на студентите, да чувствуваат дека придонесуваат
- Активности кои намерно не се со фокус на пандемијата (на пр. филмови и сл. активности на други теми)
- Претставување на проектот за психосоцијална поддршка за наставниците и разговор за интересот на студентите за таква можност за нив (психолошка поддршка за студентите организирана од страна на Факултетот) –има интерес
- Пишување извештај за замислен проект за психолошка поддршка на студентите во време на пандемија (да го опишат проектот, предностите и недостатоците и да дадат препораки за иднина)
- Пишување есеј за позитивното или негативното влијание на КОВИД врз животот на студентите (проследено со активност за брејнсторминг)
Општи согледувања:
- Дискусија за слободата на наставникот – до која мера може да се навлегува во одредени теми со студентите (на пр. медитација)
- Како да им се претстават работите што сметаме дека ќе им бидат од корист, а за кои тие или немаат доволно познавања или може поинаку да ги сфатат
- Придобивките од работилниците за нас: сознанијата дека не сме сами, дека и другите колеги се соочуваат со истите стравови, дилеми, проблеми; можноста да учиме едни од други; можноста да се зближиме и да зборуваме за теми што нѐ засегаат
 
Want to print your doc?
This is not the way.
Try clicking the ··· in the right corner or using a keyboard shortcut (
CtrlP
) instead.