Психосоцијална поддршка: Проект на Филолошки
Share
Explore

icon picker
Работилница 6 (19.5.2021)

Тема: Креирање безбедно место (изборна работилница)

Датум, време и местo

19.5.2021 (среда) од 15:30 на Зум:
Topic: Психо-социјална интервенција
Time: This is a recurring meeting Meet anytime
Join Zoom Meeting
https://zoom.us/j/94155847916?pwd=YWY0UU1CQzA0RzdqdUpGZ2ZESytXdz09
Meeting ID: 941 5584 7916
Passcode: 077198

Белешки од работилницата

На работилницата учествуваа 9 наставници.
Лина Ќостарова Унковска ја отвори работилницата со констатацијата дека во секојдневието често сме на т.н. автоматски пилот: понесени од редовните активности, често не пристуствуваме во „сега и овде“. Понатаму, Лина зборуваше за дисоцијативноста (поделеноста) на личноста, кога некои делови не се во комуникација со други (на пр. некои делови од личноста не’ плашат, други ги чувствуваме како закана). И со оваа реалност треба да се бориме, за да се соочиме, а не да бегаме од делови од сопствената личност. За да ја постигнеме таа цел, потребен ни е повремен престој во „безбедно место“, „сега и овде“.
Работилницата продолжи со техника за дишење во комбинација со следење на мислите што надоаѓаат. Активноста се прави со затворени очи, а се состоеше од четири вдишувања, задржување на воздухот и издишувања, по што продолжи рамномерно дишење. Во текот на следните минути, учесниците го следеа упатството на Лина, според кое требаше да ги следат мислите што течат со љубопитност на дете, без осуди, без емоционална вклученост и без интервенции. По завршување на активноста, следеа прашањата: Колку успеавте да се опуштите? Какви мисли ви минуваа? Дали успеавте да не интервенирате свесно во мислите и де не се вклучите емоционално? Дел од учесниците ги споделија своите искуства од оваа активност.
Целта на следната активност беше креирање на безбедно место. Таа се состоеше најпрво од замислување на некоја ситуација во која сме имале чувство на спокој и смиреност, каде што сме се чувствувале безбедно и во хармонија со себеси. Тоа можеше да биде една или повеќе слики. Потоа, учесниците требаше да ја нацртаат таа слика и да се сместат себеси во неа. Следниот чекор беше да ги затворат очите и да визуелизираат едно од тие места, да замислат дека се таму, што прават, како се чувствуваат, да ги замислат физичките детали од тоа место. Притоа, прашањата кои ја поттикнуваат визуелизацијата се однесуваа на тоа каде се наоѓа чувството, какво е по текстура/боја, дали се интензивира или слабее. Откако заврши фазата на визуелизација, учесниците ги споделија своите искуства од оваа активност.

Што понатаму?

Отсега натаму, со оглед на тоа што наставата заврши, работилниците ќе се случуваат еднаш неделно (за груба претстава на она што преостанува од оваа фаза на проектот, видете ).
На следната работилница ќе го консолидираме сработеното досега и ќе го планираме понатамошниот тек на проектот. Затоа да размислиме за форматот на/стратегиите за следново:
Прирачникот/Протоколот со нашите идеи/искуства за поактивно вклучување на студентите во наставата
Анализирање на ставовите на студентите добиени преку прашалникот, кој е достапен .
Презентирање на резултатите од проектот пред институцијата (дополнителна идеја: на сајтот на Факултетот да се претстават на посебно видлив начин содржини кои би им помогнале на студентите да се справат со предизвиците на кризата - видете го интернационален пример што ни го посочи Лина минатата година, а кој го споделивме со студентите во пресрет на минатата испитна сесија; исто така, студентите се информирани за )
Медиумско презентирање на проектот преку каналите на УКИМ и во пошироката јавност - сите идеи за ова, како група, ги споделуваме - слободно приклучете се!
Размена на добри наставни практики поврзани со психо-социјална поддршка во рамки на работилницата во првата недела од јуни - колегите кои би сакале да споделат искуства со групата, да ни пишат на до следната работилница.

Слика од работилницата

image0.jpeg
Share
 
Want to print your doc?
This is not the way.
Try clicking the ⋯ next to your doc name or using a keyboard shortcut (
CtrlP
) instead.