Психосоцијална поддршка: Проект на Филолошки
Share
Explore
Работилница 4 (28.4.2021)

Група 5: Белешки

Група 5: Солзица, Бобан и Ивана

Прво, групата се сретна на Зум и се договори да ја „сработи“ активноста наведена подолу (првиот дел е активноста преведена на македонски, а вториот дел е оригиналот). Групата си зададе рок да се сработи вежбата до вторник (11.5) за да може потоа да ги сподели искуствата.
Тројцата наставници споделија дека генерално студентите реагирале позитивно на овој тип вежба со визуализација и дека одговорите биле претежно позитивни, но со акцент на ефектот на релаксирање, а не секогаш на решавање на проблемот. Дел од студентите споделија дека по сработување на вежбата проблемот станал помалку битен и тежината му се намалила и како да сфатиле дека има многу други (по)убави работи во животот.

Во однос на решенијата за проблемот, дел од студентите кажаа дека треба да му пристапат на проблемот со поголема доза на оптимизам, а други пак со помала доза на емотивност и повеќе логичност. Во една група, студентите дури и споделија кој проблем го имаат и каков пејсаж замислиле и се разви дискусија зашто ги одбрале баш тие пејсажи и си понудија помош меѓусебно за проблемите.

Заклучивме дека можеби самата вежба не е од помош многу во однос на тоа да се изнајде решение на проблемот бидејќи резултатите зависат и од тежината на проблемот, но сепак дава простор за студентите да ги споделат своите искуства, да ги слушнат другите и да се подобри комуникацијата во групата бидејќи студентите на некој начин се откриваат себеси и меѓусебно, па така и се зближуваат.

Активност за
приоѓање на даден проблем од поинаков агол
Вежбата е подеднакво соодветна и за наставниците и за студентите.

Внимателно прочитајте го упатството и постапно следете ги чекорите :
1. Помислете на нешто со што ви е тешко да се справите во последно време!
2. Сега опуштете се и обидете се извесно време да не мислите овој проблем.
3. Прочитајте ги следните упатства полека, паузирајте по секоја инструкција и обидете се внимателно да ги следите упатствата:
-Сетете се на еден од најубавите предели што некогаш сте ги виделе. Замислете се себе си во тој пејзаж. Гледајте, ослушнувајте, чувствувајте и обидете се да ги доловите мирисите на природата колку што е можно пореално.
-Фокусирајте се на боите и формите што можете да ги видите. Дали гледате сино небо? Дали има облаци? Можете ли да видите некое растение или дрвја? Колку нијанси на зелена боја има? Каква е далечната линија на хоризонтот? Уживајте во убавината на овој пејсаж!
- Сега замислете дека некои од луѓето кои многу ги сакате се со вас среде овој пејзаж. Уживајте во чувството да бидете со нив. Станете свесни колку овие луѓе ви значат.
-Слушајте ги звуците во природата.
-Овозможете си целосно да уживате во глетката и да станете свесни за чувствата што ви го испонуваат срцето!
4. Сега визуелизирајте го проблемот за кој претходно размислувавте и сторете го тоа на следниов начин:
-Ставете го проблемот во прекрасниот предел. Обрнете внимание на чувствата што ги доживувате додека ја впивате убавината на пределот. Ако некое од чувствата или звуците, бојата или мирисите, го изгубат својот квалитет, оставете го проблемот настрана. Фокусирајте се повторно на убавината на пределот во кој се наоѓате. Когаодново ќе можете да ја доловите убавината на глетката, веднаш вратете го вашиот проблем во неа. Ако бидете во состојба да ја задржите позитивната внатрешна состојба, проблмот може да оставне таму.
Сега обидете се да станете свесни за тоа како се менува вашата перцепција за проблемот среде убавината на пределот и на позитивнитечувства. Обрнете внимание на било кое решение или решенија за проблемот што спонтано ќе ви надојдат.
5. Сега вратете се во реалноста, но останете сами со себе уште неколку минути (значи задржете го вниманието кон себе). Увидете дали и како се промени вашата перцепција за проблемот за време на оваа активност и направете белешки за овие набљудувања.
______________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
6. Обидете се да направие план за работа за надминување или за решавање на овој проблем врз основа на набљудувањата и искуството од оваа вежба.
______________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
Забелешки:
-
Целата вежба може да се изведе на тој начин што текстот може да им се прочита на студентите од страна на наставникот на часот или, од страна на некој близок роднина или пријател надвор од часот, во домашни услови.
-Записите од набљудувањата и решенијата не мора да содржат детали за проблемот, туку за резултатот и за искуството на студентите.

Read these instructions slowly and follow them precisely:
1. Think of something that you find difficult to cope with lately!
2. Now relax and allow yourself to put that challenge or problem to the back of your mind for the time being!
3. Read the following instructions slowly, pausing after each instruction and then go into an interpersonal mode and follow the instructions:
-Remember one of the most beautiful landscapes you have ever seen. Imagine that you are in that landscape now. See, hear, feel and smell it as vividly as possible
-Focus on the colors and shapes you can see. Is there a blue sky? Are there any clouds? Can you see any plant or trees? How many shades of green are there? What’s the distant line of the horizon like? Enjoy the beauty of the scenery!
- Imagine that some of the people who you like a lot are with you in this landscape. Enjoy the feeling of being with them. Become aware of what these people mean to you.
-Listen to the natural sounds of the beautiful scenery.
-Allow yourself to fully enjoy the scenery and become aware of the feelings in your heart!
4. Now visualize the problem you were thinking about before in the following way:
-Put the problem in the landscape. Pay attention to your feelings for the beauty of the landscape. If any of your feelings – or the sounds, or the color, or the smells – lose their quality, put the problem aside. Focus again on the beauty of the landscape you are in. As soon as you can recapture the beauty of the scenery, put your problem back in again. If you are able to keep your positive inner state, leave the problem there.
Now allow yourself to become aware how your perception of the problem changes in the scenario of beauty and positive feelings. Pay attention to any spontaneous solution or solutions you might find to the problem.
5.Now come back in the reality, but stay with yourself for a few minutes (meaning keep your attention inwards). Notice how your perception about the problem has changed during this activity and make notes on these observations.
6. Decide on any action plan that you may want to develop, based on what you have observed.
_____________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

(Puhta, H. and Rinvolucri, M.
Multiple Intelligences in EFL,
pp.143-144)
Share
 
Want to print your doc?
This is not the way.
Try clicking the ⋯ next to your doc name or using a keyboard shortcut (
CtrlP
) instead.