Психосоцијална поддршка: Проект на Филолошки
Share
Explore

icon picker
Работилница 1 (26.3.2021)

Вовед во проектот „Психо-социјална поддршка на наставниците и студентите од Филолошкиот факултет во услови на пандемија“

Датум, време и место


26.03.2021 (петок) во 17:00, на Зум:
Topic: Психо-социјална интервенција
Time: This is a recurring meeting Meet anytime
Join Zoom Meeting
https://zoom.us/j/97613252600?pwd=V1llZVhJNjNsL0ZhaHZJbmV0Rm5nQT09
Meeting ID: 976 1325 2600
Passcode: N4V3y6

Програма

Вовед
Запознавање, поврзување, утврдување позиции

Концептуална рамка
Биопсихосоцијален модел на менталното здравје
Карактеристики и развојни потенцијали на кризата
Приврзаност и автентичност (придвижувачи на развојот)

Проценка на состојбите – истражувачка евиденција
Утврдување клучни точки во психосоцијалната помош и поддршка на студентите и наставниците

Заклучоци
Поставување цели и планови за акции

Снимка од работилницата

Белешки од работилницата

На воведната работилница учествуваа 14 наставници.
По воведното претставување, предавачката Лина Ќостарова Унковска, ги претстави биопсихосоцијалниот модел на менталното здравје, карактеристиките и развојните потенцијали на кризата (со посебен фокус на сегашната криза со пандемијата од нејзиниот почеток до денес), како и концептите на приврзаност и автентичност како придвижувачи на развојот.
Биопсихосоцијалниот модел на менталното здравје подразбира холистички пристап кон здравјето на човекот. Според овој модел, здравјето не претставува отсуство на болест. Менталното здравје на човекот зависи од меѓусебната поврзаност на биолошките, психолошките и социјалните фактори, што бара интегративен и интердисциплинарен пристап кон решавање на проблемите, како и активно вклучување на човекот во процесот на истражување и барање решенија.
Кризата е нарушување на рамнотежата меѓу основните потреби на еден систем (индивидуа, семејство, група, општество) и неговите заштитни механизми. Кризата бара прилагодување и промени. Секој човек реагира различно на промените. Продолжената криза (предизвикана, на пример, од долгорочно злоставување, војна, пандемија) е трауматско искуство кое бара комплексни одговори, т.е. градење нови механизми на заштита и наоѓање нова смисла.
Одговорот на кризата зависи од два основни двигатели на развојот: приврзаност (човекот е социјално битие и зависи од другите луѓе за да преживее) и автентичност (да се биде свој и во контакт со себе). Кризата по правило го активира потенцијалот на приврзаноста, но конкретната пандемија го блокира развојниот потенцијал на приврзаноста. Луѓето кои се во позиција да помогнат, на пр. наставниците, можат да го направат тоа преку автентична љубопитност, освестување за потребите и добросостојбата, вклучување на студентите во процесот на помагање, освестување за тоа што им се случува и како реагираат на тоа со цел да се откријат ресурсите за помош и самопомош, реорганизирање на врските и просторот, и наоѓање нова смисла за животот понатаму.
Главните прашања што произлегоа од дискусијата на наставниците се однесуваа на:
- Свесноста на наставникот дека помага, т.е. според кои показатели да го мери тоа
- Мотивацијата на студентите за вклучување во дискусиите на часовите
- Самодовербата (преголема или премала?) и како се соочуваат со конструктивната критика од наставниците
- Изборот на теми за обработка на часовите (поведри теми или слични на сегашната ситуација од други историски или фиктивни периоди)
Главни препораки:
- Наставниците имаат влијание не само врз академскиот развој на студентите туку и врз нивното созревање како личности затоа што низ наставата студентите стекнуваат нови искуства, самодоверба и градат нови идентитети. Студирањето не е само форум за академски раст.
- Наставниците кои се отворени и да ги прифаќаат со почит различностите, вклучително и различните ставови и мислење, и оние кои се спротивни на нивните, практикуваат инклузивна настава во која им се дава шанса на сите.
- Наставниците треба прво да бидат во можност да си помогнат себеси, па потоа на другите, вклучително и на студентите; да воспостават контакт со себе, па потоа со другите.
- За да ги разберат студентите, наставниците треба да ја видат широката слика, да бидат свесни дека поединецот е дел од поголем систем.
- Многу е важен пристапот на наставникот кон процесот на учење. Наставниците треба да го сфаќаат учењето како двонасочен процес: колку студентот учи од наставникот, толку и наставникот учи од студентот.
- Излезот од кризата е во креативноста и во новите пристапи.
- Поради пандемијата, на младите им недостасува контактот со врсниците. Тој однос, кој им е ускратен во моментов, е од клучно значење за нивниот развој бидејќи преку него ги тестираат сопствените можности, тој им овозможува позитивна конкуренција, експериментирање, преземање ризици, ослободување и осамостојување. Наставниците треба да најдат начини да овозможат/изградат простор да се слушне нивниот глас и нивните потреби.
- Кога наставниците се соочуваат со некаков проблем во наставата, може да ги вклучат студентите во наоѓањето решенија.
- Наставниците треба да бидат свесни дека секој студент напредува со сопствено темпо и дека искуственото учење е најделотворно. На часовите треба да им се овозможи на послободните студенти да ја водат групата напред.
- Наставниците треба да бидат свесни дека нема еден универзален пристап што би им одговарал на сите. Има многу пристапи.
- Ако студентите се соочуваат со страв од неуспех, треба да се поттикнат да се соочат со стравот, да се поттикнат да истражат како реагираат на стравот (панично или аналитички) и да се вклучат во решавањето на проблемот. Во спротивно нема развој.
- Наставниците кои се заинтересирани за психо-социјалната интервенција треба да ја вклучат во секојдневните работни обврски, а не да бидат достапни надвор од работното време бидејќи простор и време за одмор и за приватност мора да има.
Корисен линк:
Веб-страницата на Универзитетот во Берген има посебни совети за студентите како да се справат со онлајн учењето во време на пандемија

Порака од Лина

Драги колеги,
Ми беше особено задоволство што се сретнавме минатиот пат, и што имав можност да ве запознаам и да ве слушнам.
По резимето на средбата (благодарам Соња и Елена), на содржините што беа презентирани поврзани со пандемијата и можните пристапи/насоки во справување со промените, дозволете да ги споделам своите размислувања за понатаму.
Според темите за кои разговаравме, откривам неколку поврзани насоки на развој на нашата соработка.
- Унапредување на комуникацијата со студентите – преку личен контакт, охрабрување, и поттик на нивната мотивација за студирање... – како најприсутно во вашите прашања минатиот пат.
- Управување со сопствениот (личен) живот и подобрување на неговиот квалитет во услови на пандемија, што јас го гледам како претпоставка за помош на другиот /студент, колега, пријател... - за што директно не стана збор.
- Унапредување на условите за студирање и развој на сите студенти на Ф.Ф во услови на пандемија, со подобрување на нивната еднаквост и инклузивност во користење на ресурсите за студирање и на психосоцијалната помош /со ваше учество, со нивно активно вклучување, и учество на деканската управа... - за што попатно стана збор во поставената рамка за интервенција, и може да се развива понатаму.
Сите овие насоки на помош и поддршка се меѓусебно поврзани. Би било интересно да ги продиксутираме како можности, и како спремност (ваша) индивидуална, или во мали групи, или колективна, и нивна натамошна разработка за дејствување.
Срдечно,
Лина
Центар за психосоцијална и кризна акција (ЦПКА) - Малинска, Скопје
Share
 
Want to print your doc?
This is not the way.
Try clicking the ⋯ next to your doc name or using a keyboard shortcut (
CtrlP
) instead.