Психосоцијална поддршка: Проект на Филолошки
Share
Explore

icon picker
Работилница 1 (22.12.2021)

Датум, време и место

22.12.2021 (среда) во 13:30, на Зум:
Topic: Психо-социјална интервенција
Time: This is a recurring meeting Meet anytime
Join Zoom Meeting
https://zoom.us/j/97613252600?pwd=V1llZVhJNjNsL0ZhaHZJbmV0Rm5nQT09
Meeting ID: 976 1325 2600
Passcode: N4V3y6

Програма

Резиме на работата и придобивките од првиот циклус
Насоки за идната работа на групата

Белешки

На работилницата присуствуваа 15 наставници од групата која ја сочинуваат 18 членови. На почетокот, психологот д-р Лина Ќостарова Унковска ги поттикна присутните да ги споделат своите чувства во однос на присуството на работилницата преку еден збор со кој асоцијативно го поврзуваат доминантното чувство. Тоа покажа дека нестандардните почетоци на средбите или на часовите се мошне функционални за поефективно учество на присутните и за поголема динамика на процесот.
Преку куса презентација, психологот д-р Лина Ќостарова Унковска се осврна на досегашните работилници и на резултатите кои произлегоа од нив во рамките на проектот. Тие работилници се однесуваа на колективот од наставници и студенти, кои беа фокусирани на градењето на контактот со себе и на својата автентичност, како и на можностите и на модалитетите за поврзување со себе и со другиот во услови на продолжена криза. Согледувањата се надоврзуваат на одредени претходни истражувања (на Универзитетот во Берген, Норвешка, како и она на ЦПКА Малинска од 2020 година). Во врска со тоа, беше истакнато дека кризата се дефинира како нарушување на рамнотежата меѓу основните потреби на единката и механизмите за нивното задоволување, па таа бара прилагодување на промените кои ги наметнува. Таа ги опфаќа сите сегменти на нашето живеење и подразбира изострување на разликите и на јазот меѓу ранливите и силните. Во таа смисла се поставува биопсихосоцијалниот модел на здравјето, кој има поткрепа во невронауката и во сродните дисциплини и подразбира холистички пристап кон здравјето (кое не е само отсуство на болест, туку и целина од повеќе аспекти – физички, ментален, емоционален итн.); разбирање на психолошките и на социјалните компоненти на менталното здравје; интердисциплинарен пристап при решавањето на здравствените проблеми, како и активно учество на единката во наоѓањето на решенија за подобрување на состојбата на човекот.
Биопсихосоцијалниот пристап кон кризата подразбира стекнување на свесност за двата основни двигатели на развојот на човекот – приврзаноста (која е резултат на фактот дека човекот е социјално битие и се осмислува единствено во рамките на заедницата) и автентичноста (како нагон од витално значење, кој подразбира да се биде свој, доследен, интегриран). Пандемијата како продолжена криза бара од човекот да се креираат нови простори и механизми, преку кои автентичноста ќе го овозможи патот до приврзаноста. Кога биопсихосоцијалниот пристап се применува како одговор на кризата, фокусот се става на човекот како извор на промени и справување со предизвиците, а целта е градење на нови простори (преку развивање на автентичните интереси, таленти и вештини, без осуда и брзи и точни одговори, па дури и преку негово активно вложување во процеси со отворени и неизвесни исходи).
Од истражувањето во рамките на темата „Образование во услови на пандемија“, на кое се надоврзаа претходните работилници, се заклучило дека студентите во услови на криза изразиле губење на волјата, дисциплината, желбата за студирање, како и зголемено чувство на страв, депесија и анксиозност. Тие многу почесто избирале да не присуствуваат на часот и да се грижат за своето здравје, но чувствувале и потреба од психолошка поддршка од стручно лице, но и од самата институција, која според нив треба да биде отворена за да ги пресретне нивните потреби. Од друга страна, иако наставниците се соочиле со сличните психолошки состојби, тие најчесто бирале да ги извршуваат своите работни должности и да постигнуваат сѐ што е потребно, и покрај тоа што и самите имале потреба за грижа и разбирање од заедницата. Работилниците кои следеа овозможија наставниците да работат интензивно на поврзаноста со себе и со сопствените потреби, пофункционално да се поврзат со другиот, на поинакви основи и со истакнување на слободите на изразувањето, како и да креираат микропростори за развој, со поинакви услови за размена и учење.
Во вториот дел од работилницата, присутните наставници беа поделени во три групи, на кои во рамките на определените 10 минути споделија свои искуства од променетите пристапи кои ги применувале во текот на часовите, поттикнати од задачите и од дискусиите на претходните работилници. Членовите на првата група ги потенцираа позитивните искуства и зголемената интеракција на часовите, благодарение на поинаквите пристапи за кои се дискутираше во текот на претходниот циклус на работилници, бидејќи примената на новите техники покажа дека тие се навистина функционални, на заедничко задоволство на студентите и на професорите. Втората група ги истакна предностите од променетиот пристап на часовите, поголемата поврзаност и автентичност, како и можноста преку новите работилници да ги утврдат новите практики и навики. Третата група се осврна на позитивните искуства и промени, како и на фактот дека не е секоја група од студенти отворена кон промените, што не значи дека тие не треба да се спроведуваат и поинтензивно да се практикуваат. Овие техники се во несомнена врска со подобрувањето на емоционалната интелигенција, чиј развој најчесто е попречен од недоволно развиените социјални вештини и од слабата мотивација.
На крајот се дискутираше за тоа како да се продолжи понатаму и беа споделени следните размислувања:
да се поканат студентите кои би сакале да учествуваат во работилниците да се придружат и да ги чуеме нивните потреби и барања изворно и директно. Тие имаат многу идеи како да се подобрат часовите и да се зголеми нивната мотивација, а со тоа неминовно ќе се зголеми и нивното чувство за припадност;
да се дискутира за удобноста на онлајн наставата како за студентите така и за наставниците, но и за незаинтересираноста на студентите за студентскиот живот и за градењето на нови пријателства;
како емоциите да се канализираат во прагма и да придонесат кон зголемување на концентрацијата и на способноста за учење, како и за можното вклучување на покреативни методи во рамките на работилниците (музика, филм, цртање) ;
да се размислува за начинот како да се интегрираат студентите во рамките на системот (институцијата) преку конкретни чекори, како и да се овозможи постепеното враќање на наставата во училниците, бидејќи просторот кој се споделува е мошне важен;
во секоја работилница да се предвиди дел за прашања кои не се разрешени, а кои поризлегуваат од динамиката на наставниот процес, со што би се поттикнала креативноста и храброста на студентите за нивното поставување, но и решавање. Со тоа би се променила и релацијата со студентите, а тоа е нужно барање кое пред нас го поставува променетиот современ свет и поинаквиот начин на живеење денес.

Снимка од работилницата


Share
 
Want to print your doc?
This is not the way.
Try clicking the ⋯ next to your doc name or using a keyboard shortcut (
CtrlP
) instead.