Gallery
Психосоцијална поддршка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“: Проектни искуства
Share
Explore

icon picker
Вовед

Психосоцијална поддршка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“: Проектни искуства од градењето простори на грижа за себе и за студентите
„Психосоцијална поддршка на наставниците и студентите од Филолошкиот факултет во услови на пандемија“ е проект инициран од Комисијата за унапредување на наставата при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје.
Проектот се состоеше од серија од 9 онлајн-работилници со група од 15 наставници од Филолошкиот факултет во периодот март-јуни 2021 под раководство на клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска. Повеќе информации за проектот се достапни .
Наставниците работеа на грижата за себе, и преку неа, на грижата за (учењето на) студентите. Инспирирани од кризата со КОВИД-19, новите наставни практики што се работеа на проектот помогнаа да ја препознаеме кризата како предизвик за унапредување на квалитетот на животот на личен и на професионален план, наспроти сите ограничувања. Во таа смисла, практичните идеи и препораки што произлегоа од нашите искуства со проектот се применливи на долг рок, и во некризни, „мирновременски“ услови.
Во оваа е-публикација се систематизирани проектните искуства на наставниците во форма на практични идеи за грижата за себе и за студентите, на часот и пошироко. Ги претставуваме и ставовите на студентите во врска со наставните практики применети во рамки на проектот. Содржините претставени тука се производ на заедничкото искуствено доживување на сите учесници во процесот и беа развиени како што учесниците минуваа низ сите етапни фази.
Се надеваме дека овие содржини ќе им бидат корисни на сите колеги - наставници, и студенти. Ова не е конечна верзија на публикацијата: таа е „жива“ и ќе се полни со содржини и во периодот што следува за да биде корисна и наредната учебна година, за нови генерации студенти и наставници.
Во проектот учествуваа, и во публикацијата придонесоа следните наставници од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, во соработка и размена со студенти од сите студиски години и насоки:
Елена Ончевска Агер
Соња Китановска-Кимовска
Искра Тасевска Хаџи-Бошкова
Калина Малеска
Бобан Карапејовски
Елизабета Шелева
Kатарина Ѓурчевска Атанасовска
Лидија Танушевска
Солзица Поповска
Руска Ивановска-Наскова
Владимир Цветкоски
Сања Михајловиќ Костадиновска
Ивана Дуцкиноска
Станислава-Сташа Тофоска
Зорица Трајкова



Share
 
Want to print your doc?
This is not the way.
Try clicking the ⋯ next to your doc name or using a keyboard shortcut (
CtrlP
) instead.