Психосоцијална поддршка: Проект на Филолошки
Share
Explore

icon picker
Работилница 5 (12.5.2021)

Датум, време и местo

12.5.2021 (среда) од 13:00 на Зум:
Topic: Психо-социјална интервенција
Time: This is a recurring meeting Meet anytime
Join Zoom Meeting
https://zoom.us/j/94155847916?pwd=YWY0UU1CQzA0RzdqdUpGZ2ZESytXdz09
Meeting ID: 941 5584 7916
Passcode: 077198

Белешки од работилницата

На оваа работилница присуствуваа 13 колеги, кои работеа според дневниот ред од четири точки, предложен од психологот Лина Ќостарова-Унковска.
Во рамките на првата точка, која се однесуваше на важноста од поставување на индивидуализиран ритуал на будење како персонализиран модел на грижата за себеси, беше потенцирана потребата од воспоставување на врска со себе, со своите слаби и силни страни преку нежно и внимателно постапување со себеси, како предуслов за поврзување со другите. Тој процес треба да води кон сопствено унапредување и откривање, како и прибирање енергија која ќе се користи во дневните активности. Проекти како овој можат да понудат концептуална рамка, но содржините секој треба сам да ги осмисли. Како илустрација на можни содржини, присутните споделија лични искуства и ги истакнаа следните активности, поврзани со ритуалот на будењето и постапките во врска со него:
- изразување благодарност и проштевање (барање прошка);
- визуелизација и медитација (во форма на поврзување со космичката енергија);
- физичка активност (јога, трчање, планинарење);
- пиење кафе и читање книга или списание;
- учење за неповрзани нешта со професијата, учење на нови вештини, споделување информации во интернет-просторот;
- освестување на потребата од постоење на таков ритуал и согледување на поврзаноста на таа потреба со дисциплинираноста.
За ритуалот на будење треба да наменски да направиме простор во нашите животи, на пример, преку информирање на околината за неприкосновеноста на времето за себе. Ритуалот на будење претставува еден вид бафер, перница што не’ штити од ударите на денот.
Во рамките на втората точка, која се однесуваше на потребата од градење на еден модел на часот кој ќе подразбере активно вклучување на студентите, се истакна нужноста од спроведување на анкета, која ќе го истражи интересот кај студентите за интерактивната настава, а и ќе им го пренесе впечатокот дека нивните идеи се слушнати од страна на професорите. Во врска со експериментирањето на часовите (заради поголема вклученост на студентите во часовите), кое го спроведуваа професорите во периодот меѓу двете работилници, беа споделени следните искуства:
- презентирање на теми од страна на студентите и неформална дискусија;
- рецензирање текстови од страна на колегите студенти, пред професорот да се вклучи во дискусијата;
- поставување на професорот како учесник или набљудувач на часот кој го организираат студентите;
- отстапување час на студентите, тие да го организираат;
- развивање на тези кои студентите ги поврзуваат со своето искуство и нивна работа во помали групи;
- одржување часови со средношколци како придонес кон локалната заедница;
- користење други видови извори (весници, списанија, видеа), преку кои студентите се запознаваат подетално со културниот контекст кој го истражуваат;
- користење видеа, филмови и др. материјали со кои се разбива монотонијата на часот;
- нудење консултации со професорот во рамки на кои се остава простор студентите да покренат со професорот и полични теми за тоа со какви ситуации во студирањето се соочуваат;
- разговори околу проектот за психо-социјална поддршка со студентите;
- употребување на техники од позитивната психологија, на пр. со фокус на благодарност и љубезност;
- пишување на замислен извештај за проект за психолошка поддршка на студентите;
- составување на есеи за позитивните искуства од кризата заради КОВИД-19;
- проверување на некои лични дилеми со студентите (такви што ги засегаат и нив, на пр. наставник кој прележал КОВИД-19) за да не се само-исклучуваме од заедниците во кои припаѓаме
- визуелизација на одреден личен проблем, кој се минимизира преку создавање на позитивна рамка околу него, а искуството се пренесува преку белешки и планирање на конкретни чекори за негово решавање.
На студентите им се допаѓа ваквата вклученост, што се гледа во нивните порелаксирани изданија на ваквите часови (на пр. употреба на сленг). Беше изразено задоволство од фактот што студентите воопшто размислуваат за форми на учество (а нема некој што не може да учествува!) – тоа претставува извор на самодоверба за нив и мотивација за наставникот. Како негативни страни на вака организираните часови беа истакнати недостатокот од време за останатите важни активности кои се однесуваат на совладувањето на материјалот, како и сомнежите на наставникот околу пречекорувањето на границите и можноста одредена активност на часот да биде разбрана како избегнување одговорност. Лина Ќостарова предложи да се систематизираат ваквите искуства, да се направи нивна класификација и да се издвојат неколку прашања со кои ќе се анкетираат студентите околу нивните ставови за различните форми на вклученост што ги искусиле на час. Во се поместени сите идеи на групата, од кои Лина создаде предлог-прашалник (во продолжение на истиот документ). По консултациите, конечната верзија на прашалникот е достапна . Доколку некој колега сака да провери некои поспецифични аспекти од наставата, може да постави дополнителни прашања до своите студенти.
Третата точка се однесуваше на динамиката на средбите на групата. Во врска со тоа, беше понудена можноста, доколку има интерес, да се одржи една работилница на тема „Креирање на безбедно место“ на 19.05 (среда). За пријавување интерес за работилницата, запишете се на списокот . Исто така, се планира (во мај и во јуни), кои ќе се однесуваат и на јавното презентирање на резултатите од проектот. Со идеи во врска со форматот на јавното презентирање, пишувајте ни на
Како четврта точка, во врска со одбележувањето на месецот на менталното здравје, кој се чествува во мај, беше предложено да се формира одделна група која ќе ги пренесе досегашните искуства и практики преку медиумите, со што целиот проект би добил и јавна афирмација. Ако има доброволци да помогнат со ова, пишете ни на Сите идеи како група ги споделуваме .

Снимка од Работилница 5 (без првата точка)

Share
 
Want to print your doc?
This is not the way.
Try clicking the ⋯ next to your doc name or using a keyboard shortcut (
CtrlP
) instead.