Психосоцијална поддршка: Проект на Филолошки
Share
Explore
Работилница 4 (28.4.2021)

icon picker
Група 3: Белешки

Група 3 (Руска, Елизабета, Славица, Калина) – кон Работилница 5
Групата комуницираше по мејл. Со оглед на тоа дека за претходната работилница, веќе беа спроведени некои активности за поголема активна вклученост на студентите на часовите и за тоа се реферираше за време на Работилница 4, овој пат групата реши да се фокусира на предлог-прашања за анкетирање на студентите во врска со нивните впечатоци од формите на вклученост за време на експерименталниот час/часови.
Беа предложени следниве прашања:
Кој начин на организација на часот ви се допаѓа повеќе и зошто?
Како би можел експерименталниот модел на час да се подобри?
Која друга активност би било добро да се примени на часовите по овој предмет?
Колку често би сакале да имате вакви часови во текот на семестарот?
Кои беа предностите на експерименталниот час?
Кои беа слабостите на експерименталниот час?
Колку успешно сметате дека се координиравте во однос на активностите на часот без присуство на наставник? (специфично за овој вид настава во кој студентите сами го одржуваат часот)

Руска го примени предложениот модел од Лина на самоорганизирање на час. По кусиот вовед, студентите сами обработија одредена тема и ја презентираа. Тие имаа слобода во изборот на изворите и форматот на презентацијата. Последните 20 мин. од часот беа посветени на дискусија во група заедно со наставникот. Ваква настава беше организирана со две мали групи (3 и 9 студенти) во рамки на предметите Морфологија на италијански јазик 2 и Синтакса на италијански јазик 2. Студентите покажаат дека умеат да изберат и самостојно да користат релевантна литература. Ова беше особено важно за студентите од прва година кои сè уште не го познаваат италијанскиот јазик на ниво да можат да користат без потешкотии материјали на италијански јазик. Општиот впечаток на наставникот е дека искуството и со двете групи е позитивно и мотивирачки за студентите.
Калина им даде на студентите сами да одржат час. Им подели задачи на неколку студентки, кои се јавија како доброволци, да анализираат извадоци од драмата што се работеше за време на часот. Часот се снимаше на Зум. Часот помина одлично. Студентите сами се координираа во однос на редоследот и како ќе го претстават својот дел, па беа спроведени различни активности: читање на извадоците, нивна анализа, вклучување на другите студенти преку читање или поставување прашања за кои се бараше одговор. Спонтано беше решено дополнително да се прочитаат извадоци кои не беа зададени бидејќи за време на дискусијата студентите дојдоа до заклучок дека и тие се важни за значењето на настаните опишани во драмата. Студентите меѓусебно си помагаа во однос на споделувањето на документи, поставување прашања, како и во однос на договарање како да се одвива часот и кога да заврши. За следниот час Калина сметаше дека преостана само да се објаснат неколку аспекти од драмата што не беа покриени. На прашањето како самите студенти се задоволни од часот, нивниот одговор беше дека ова им било многу позитивно искуство и се чувствувале многу опуштено.
Share
 
Want to print your doc?
This is not the way.
Try clicking the ⋯ next to your doc name or using a keyboard shortcut (
CtrlP
) instead.