Skip to content
Психосоцијална поддршка
  • Pages
    • icon picker
      Концепција
    • Прв циклус (март-јуни 2021)
    • Работилница 1 (26.3.2021)
    • Работилница 2 (5.4.2021)
    • Работилница 3 (14.4.2021)
    • Работилница 4 (28.4.2021)
      • Група 1: Белешки
      • Група 2: Белешки
      • Група 3: Белешки
      • Група 4: Белешки
      • Група 5: Белешки
    • Работилница 5 (12.5.2021)
    • Работилница 6 (19.5.2021)
    • Работилница 7 (28.5.2021)
    • Работилница 8 (7.6.2021)
    • Работилница 9 (14.6.2021)
    • Втор циклус (декември 2021-јуни 2022)
    • Работилница 1 (22.12.2021)
    • Работилница 2 (20.1.2022)
    • Работилница 3 (9.3.2022)
    • Работилница 4 (14.4.2022)
    • Работилница 5 (26.5.2022)
    • Нова криза, нова поддршка (26.3.2025)

Концепција

Градиме нови простори со Лина Ќостарова-Унковска
Врз база на досегашните истражувања и контакти со наставниците и студентите, Комисијата за унапредување на наставата воочи дека во овој пандемиски период (но не само тогаш!) на наставниците и студентите им е потребна некоја форма на психосоцијална поддршка. Наставниците се во непосредна и континуирана комуникација со студентите и се во позиција да насочат/помогнат кога и каде можат, но не секогаш се чувствуваат подготвени за таквите предизвици. Од друга страна, за воопшто да можат да бидат од помош, и самите треба да умеат да се грижат за својата психосоцијална состојба.
Со таа цел, Комисијата организира психосоцијална интервенција со работен наслов „Психосоцијална поддршка на наставниците и студентите од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во услови на пандемија“. Се работи за серија виртуелни средби во периодот март-јуни 2021 под раководство на клиничкиот психолог Лина Ќостарова-Унковска. Во рамките на средбите би се лоцирале критични точки за помош врз база на емпириски податоци и би се отпочнале групни дискусии со цел унапредување на образовните и личните услови за работа, на пр. преку поголема вклученост на сите засегнати страни во релевантните процеси, континуирана комуникација и формирање тимови и мрежи на соработка и поддршка.
 
Want to print your doc?
This is not the way.
Try clicking the ··· in the right corner or using a keyboard shortcut (
CtrlP
) instead.