Психосоцијална поддршка: Проект на Филолошки
Share
Explore
Работилница 4 (28.4.2021)

icon picker
Група 1: Белешки

Група 1 (Сташа, Владимир, Елена) - Кон Работилница 5: Како до поголема вклученост на студентите во наставата?
Сташа на Работилница 4 зборуваше за нејзиниот експеримент за поголема вклученост на студентите во наставата: таа ги поделила во помали групи, задала теми на кои студентите би презентирале и назначила одговорно лице во секоја група (ова биле различни студенти по карактер и/или степен на одговорност). Секој студент презентирал дел од темата зададена на групата и на тој начин активно се вклучил во часот, иако видлива била тенденцијата целните содржини да се презентираат со многу сличен јазик како тој во материјалите. Во неформалната комуникација со студентите, тие биле задоволни од нивната вклученост, особено посрамежливите/поплашливите (една таква студентка пријавила дека по тоа искуство се чувствува посмело за следни слични експерименти). Сташа забележала дека не сите одговорни лица останале одговорни во текот на целиот процес - некои интерно ја делеле/префрлале одговорноста на колеги.
Владимир досега работел на подобрување на динамиката на групата преку неформални дискусии со студентите (за ова тој зборуваше на Работилница 4). Елена предложи „мека“ форма на инклузија преку давање можности за коментирање превод прво на линија студент-студент, како подготовка за дискусија наставник-студенти. На пр. студентите би преведувале ист текст во неколку помали групи (на пр. во неколку паралелни Google Docs за наставникот да може да следи), би си ги размениле текстовите со друга група и би им дале коментари на колегите. Потоа наставникот ги споредува текстовите и коментира аспекти од работата на студентите (превод и/или коментари на превод) во насока на подобрување на нивните преводни вештини. Еве една што се занимава со предностите и мааните на овој пристап (peer review). Владимир е задоволен од тоа како поминал часот, а и на студентите им се допаднала можноста и да рецензираат, освен што преведуваат. Тие навеле дека би сакале да работат на тој начин повторно.
Елена се обиде да ги остави студентите од една група сами да одржат час, но групата направи се’ за да го избегне тоа сценарио – на крај, проблематичниот термин го поместивме, а Елена се одлучи за „мека“ форма на студентска инклузија: таа назначуваше модератори (студентите имаа претходно зададени задачи и ги дискутираа нивните одговори), а самата се однесуваше како студент на часот. Илузијата беше тешко да се одржи, бидејќи Елена се разборуваше повеќе од типичен студент. Но, студентите дефинитивно беа поактивно вклучени од обично. Следниот обид за вклучување на студентите беше со помала група во која се дискутираше набљудуван онлајн-час (во рамки на хоспитации). Овојпат, Елена имаше улога на набљудувач – бележеше што се кажа во групата и по часот објави коментари за дискусијата на студентите во писмена форма. Дискусијата ја водеа студентите кои хоспитираа, а идејата беше групата да им помогне да го „вратат филмот“ и да решат што би смениле за да испланираат поуспешен час од тој што го одржале. Студентите добро се снајдоа во новата улога. Од неформалната комуникација со нив, им се допаѓа самостојноста, иако сметаат дека студентите-модератори треба да добијат поконкретни насоки/прашања за нивното модерирање. Елена покани друга група студенти, која е помала и поповрзана од другите, да експериментира со „потврда“ форма на вклученост – тие самите да одржат дискусија, да ја снимат и да ја споделат со Елена за коментари. Според добиените резултати, иако со различни групи, ова беше најуспешната сесија од трите форми на вклученост. Студентите беа видливо поразџагорени од порано (во нивните неформални коментари посочија дека еден од предизвиците бил да го зачуваат „академското ниво“ во комуникацијата, без да се предадат на преголема неформалност - ова е ограничување што самите си го дале), и дури и тивките студенти зборуваа послободно и почесто; нивниот говор на тело исто така делуваше порексирано, а тишините изгледаа помалку непријатно отколку со присутен наставник (иако ова може да е субјективна интерпретација на набљудувач). Студентите ги опфатија главните поенти на кои Елена планираше да им обрне внимание, иако, неформално, студентите сметаа дека можеби не дале доволно аргументи за нивните ставови како што тоа би го направиле на час (Елена не го забележа ова како недостаток). Студентите го завршија часот порано од обично, без притоа да трпи квалитетот на дискусијата, а имаа време и да ги резимираат главните поенти како насоки во кои студентите-наставници би можеле да работат при ревидирањето на одржаниот час.
Во дискусиите околу формите на инклузија, беа споделени некои резерви околу студентската вклученост:
студентите можат да ги интерпретираат нашите експерименти како избегнување да одржиме час (ова особено важи за групите што не ги познаваме доволно), па некои од нас одат во обратниот екстрем: со експериментите си даваме повеќе работа од обично за да не поттикнуваме такви сомнежи кај студентите
се ограничува времето за инпут од наставникот, а некои колеги во тоа гледаат најголемо уживање: предавањето на страста за професијата (од друга страна, развивањето нови вештини почива на вклученост во практиката, т.е. работење наспрема слушање…)

Share
 
Want to print your doc?
This is not the way.
Try clicking the ⋯ next to your doc name or using a keyboard shortcut (
CtrlP
) instead.