Gallery
Психосоцијална поддршка
Share
Explore

icon picker
Нова криза, нова поддршка (26.3.2025)

При трауматични ситуации како трагедијата во Кочани на 16.3.2025, загрозено е чувството на безбедност, што го прави поврзувањето особено значајно. Важно е да ги споделиме и нормализираме нашите искуства; тоа е прва помош во контекст на вакви трагични настани без преседан.
Работилницата започна со вежба за дишење (вдишуваме 4 секунди, го задржуваме воздухот 4 секунди, издишуваме 5 секунди; повторуваме 4 пати).
На оваа вежба се надоврза потсетување на вежбата Безбедно место. Задачата беше да се замислиме на нашето безбедно место и да ја поканиме групата на тоа место, кадешто сме и домаќини и гости.
Следеше споделување во групата преку одговарање на следното прашање:
Со кои факти располагам или сакам да ги дознаам за настанот? Како ги обработив?
Од одговорите се виде дека не постои правилна обработка или правилен одговор. Сите сме одговориле на свој начин, на почетокот обликуван од физиолошката реакција на организмот. Организмот има совршен начин да нѐ заштити кога немаме пристап до адаптивен механизам за неочекуван удар:
бегаме
се бориме
замрзнуваме.
Правилен одговор е оној што организмот решил да го даде. И, нормално е да ни требаат информации во врска со трагичниот настан за да донесеме одлука како да постапуваме следно.
Разнолики беа и нашите реакции на криза: локална активност, препуштање на случувањата, зголемена одговорност, барање причини за благодарност, долго набљудување и размислување пред да преземеме нешто конкретно, итн.
Треба да имаме доверба во физиолошката реакција на организмот, а во меѓувреме да размислуваме како таа реакција да премине на општествено ниво, на пр. да бидеме во друштво на некој што нѐ разбира и со којшто можеме да се разбереме.
Како што беа разнолики реакциите во групата, такви ќе бидат и реакциите на студентите. Добро е споделиме лични доживувања, доколку има простор и потреба за тоа. Потребите на луѓето треба да се канализираат преку поврзување. На академски план, на студентите треба да им се дозволи да работат според нивните можности. За некои исполнувањето на академските задачи ќе биде спасоносно, за некои голем товар. Наставниците се тука за да помогнат.
Работилницата заврши со формулирање пораки како одговор на трагедијата (кој сака подоцна може да ги сподели пораките со некој од групата).
Зборувавме и за тоа како/колку е нормализиран ризикот по безбедноста за сите нас, вклучително и за младите. Младите се чини не умеат да проценат дека некое место не е безбедно. Како општество, не сме ги подготвиле доволно, не сме направиле доволно простор за младите - не се слушнати, сместени се на небезбедни места. Потребна е организирана општествена акција за понатаму.
Лина заврши со порака да останеме силно, но не со сила силно. :)
Доколку имаме идеи за одговор на оваа криза како група, Лина е тука за секаква консултација.






Share
 
Want to print your doc?
This is not the way.
Try clicking the ⋯ next to your doc name or using a keyboard shortcut (
CtrlP
) instead.