Skip to content
Психосоцијална поддршка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“: Проектни искуства
  • Pages
    • Вовед
    • Заднина
    • Од криза до идеја...
    • Концептуална рамка
    • Грижа за себе
      • Безбедно место
      • Поврзување со себе
      • Ритуали
      • Вклученост и учество
    • Грижа за другиот
    • icon picker
      Преку настава до поврзување и вклученост
      • Неформални практики
      • Формални практики
      • Студентите за вклученоста

Преку настава до поврзување и вклученост

Наставни практики за подобрување на психосоцијалната клима во училницата со цел поврзување со, и поголема вклученост на студентите
Во овој дел ги прикажуваме добрите наставни практики кои наставниците ги применуваа во текот на проектот со цел да ја подобрат психосоцијалната клима на часот, а со тоа и вклученоста на студентите во наставата.
Искуствата на наставниците имаат формат на приказни. Приказните се организирани по области (јазик, превод/толкување, методика и книжевност) и во две големи категории: и наставни практики. Повеќе за тоа на што мислиме со овие термини и зошто е важен балансот на неформалните и формалните содржини во наставата, во потстраниците што следуваат.

Споделете ги вашите приказни од наставата

Во продолжение се упатствата за пишување приказни од наставата, во случај други колеги (вклучително и оние што не зеле учество во проектот во оваа, прва фаза) да сакаат да споделат искуства. Публикацијава е „жива“ и во неа ќе се додаваат приказни:
Со најмногу 250 зборови и во прво лице еднина, опишете на кој начин се обидовте поактивно да ги вклучите студентите во наставата, било преку употреба на формални или неформални наставни практики (кликнете на линковите погоре за да видите на што се мисли со термините и каков формат на приказни очекуваме). Праќајте ни ги вашите приказни на


 
Want to print your doc?
This is not the way.
Try clicking the ··· in the right corner or using a keyboard shortcut (
CtrlP
) instead.