Skip to content
Психосоцијална поддршка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“: Проектни искуства
  • Pages
    • Вовед
    • Заднина
    • Од криза до идеја...
    • icon picker
      Концептуална рамка
    • Грижа за себе
      • Безбедно место
      • Поврзување со себе
      • Ритуали
      • Вклученост и учество
    • Грижа за другиот
    • Преку настава до поврзување и вклученост
      • Неформални практики
      • Формални практики
      • Студентите за вклученоста

Концептуална рамка

Во суштината на моделот што го предлагаме е откривањето на автентичното јас низ поврзување со себе, како претпоставка за поврзување со другиот, како развоен процес на еманципација, автономија и реинтеграција (на индивидуално и колективно ниво) и поврзување со светот.
Главните компоненти се засноваат врз претпоставката за отвореност за истражување на сопствените потреби, таленти, способности, безбедно поврзување на сите делови (добри, скриени, слаби, посакувани, заканувачки) како делови од нераскинлива целина, без судење, споредби, игнорирање, избегнување, страв, вина, со љубопитност на дете кое нема став.
Индивидуализираниот модел на грижата за себе се потпира на автентичен однос со себе, кој се развива низ процеси на учење и созревање. Автентичното јас се потпира на откривање и почитување на сопствените потреби „сега и овде“, на чувствително градење однос на сочувство и толеранција кон себе, а потоа и кон другиот. Се потпира и на искуствата на истражување и креирање оригинални, индивидуализирани решенија, на искуствата на учење како да се прифатат отворени исходи, контекстуално поврзани вистини, низ дијалектички процеси на учење. Автентичното јас не е константа, не е цел сама по себе, не е копија, не е исполнување на задачата „како треба“ да биде. Целта е постепено, безусловно прифаќање на себе, со сите последици од остварените и неостварени предизвици, и со одговорност за сопствените постапки, а со тоа и со поголема спремност за што повеќе креативни, оптимални решенија за промени.
Во основата на моделот се неколку стратешки поставени целини (грижа за себе; поврзување и грижа за другиот; и поврзување со заедницата и светот), кои нудат нови можности за конечно ослободување на автентичното јас и за поврзување со другите и со светот. Овие стратешки целини се дополнети со насоки и техники за помош и самопомош кои овозможуваат комбинирање и групирање според сопствените потреби, степени на развој и лични афинитети. На крајот е и листата на извори со обработени дополнителни теми поврзани со менталното здравје и со учењето.

 
Want to print your doc?
This is not the way.
Try clicking the ··· in the right corner or using a keyboard shortcut (
CtrlP
) instead.