Да се има автономен глас во одлуките што го засегаат човековиот живот е основната претпоставка на човековото здравје и добросостојба. Тоа овозможува човекот да почувстува дека неговата вклученост има влијание врз важни животни прашања, мали и големи, вклучително и врз оние поврзани со креирањето политики, пристапот до институциите на заштита и проценката за тоа колкава е нивната спремност и моќ во заштита на човековите права. Луѓето што се исклучени од одлучување, или се соочуваат со реални бариери во правењето избори за себе се исклучени и од својот живот и не можат да напредуваат, еднакво со останатите.
Искуството на активно учество од најмала возраст, значи и учење како се презема одговорноста за сопствениот живот и постапки. Високо вклучените луѓе го препознаваат своето поле на надлежности и својот уддел во настаните на тоа поле. Тие умеат да го проценат својот дел од одговорноста за она што се случува и да ги преземат последиците, без да ги обвинуваат околностите или другите за својата состојба и однесување. Кога се вклучени во сите фази од процесите на одлучување, нивните одлуки и постапки се потпираат на факти, принципи и вредности (права), наместо на емоции и лични ставови и уверувања. Активната вклученост ја зголемува самодовербата и одлучноста при предвидувањето на проблемите и изнаоѓањето нови и подобри решенија. Спротивно на тоа, отсуството на учество значи пасивизација, исклученост, немоќ и ригидност што имплицира страв и отпор кон какви било промени, или избор на необмислени, лоши решенија откако ќе настанат проблемите.
Учеството на заедницата се потпира врз индивидуалните искуства на учество и сознанијата за придобивките од тие искуства, за сите. Без индивидуално учество, нема ни колективно учество, а тоа значи ни колективен одговор на заканата. Условите што ги наметна коронавирусот бараа таков одговор, со учество на сите во заедницата, и тоа во кус рок - од масовно давање согласност за карантинот и сите останати рестриктивни мерки во заштита од пандемијата, до волонтерско вклучување на граѓаните во разни видови помош за оние со највисок ризик од болеста.
Зошто?
- Ја зголемува автономијата, поврзаноста во управувањето со себе и со заедницата.
- Дава моќ - ја зголемува контролата врз сопствениот живот и чувството дека тој/таа може да направат промена. Влева доверба и верба во себе дека промената е можна токму заради личното учество во неа.
- Овозможува подобра проценка и анализа на состојбите и животните приоритети
- Обезбедува подобро и пофокусирано искористување на времето и остварување на зацртаните цели.
Води подиректно кон успехот- Ни дава моќ – имаме контрола врз нашиот живот и може да направиме промена
- Ни влева доверба затоа што промената зависи од нас
- Подобро го користиме времето и ги остваруваме зацртаните цели
- Нѐ води кон успехот
Како?
- Се фокусираме на работите што можеме да ги контролираме, наместо на оние што не можеме
- Љупобитни сме и постојано бараме можности за учење и подобрување
- Поставуваме цели кои ќе нѐ принудат да излеземе од зоната на комфорот
- Поставуваме приоритети и временска рамка
- Не го одлагаме дејството
- Не бараме изговори и не ги обвинуваме другите
- Не чекаме нештата да се случат, вложуваме свесен напор да ги преземеме потребните чекори и да го добиеме тоа што го сакаме
- Бараме повратно мислење од претпоставените, колегите, семејството, пријателите
- Поставуваме прашања за сѐ што не ни е јасно
- Го следиме сопствениот напредок
- Учиме од грешките – правиме анализа што беше погрешно и како можеме да го направиме подобро следниот пат
- Внимаваме на јазикот што го користиме: наместо „Тоа е. Нема што да направам“, велиме „Ајде да ги разгледам алтернативите“; наместо „Таков сум“, велиме „Можам да изберам поинаков пристап“; наместо „Ама ме налути!“, велиме „Можам да ги контролирам чувствата“; наместо „Морам да го направам тоа“, велиме „Ќе изберам соодветен одговор“; наместо „Не можам“, велиме „Избирам да...“
Живееме во време кога развојот на информатичката технологија достигнува кулминација, начинот на живот е е мошне динамичен и постојано сме „бомбардирани“ со нови сознанија и информации за случувањата околу нас. Оттаму и потребата да бидеме постојано во „чекор со збиднувањата, да сме добро информирани за она што се случува локално и глобално, но истовремено и да знаеме како да ги селектираме вистинските, релевантни информации за да можеме полесно да функционираме во општеството во кое живееме. Денеска информацијата е многу вредна и се чини дека е клучот на секоје достигнување или успех на кое било поле.
Се чини дека денес најважно од сè е да се биде добро информиран. Но, што значи тоа? Тоа подразбира да се поседуваат широки познавања, особено за актуелни настани, да се познаваат детално различни области и полиња и да може да се дискутира за сериозни теми од глобално значење. Од практичен аспект, тоа би значело да се поседува вистинската информација во вистинско време, информација што ќе направи разлика меѓу факт и претпоставка, информација што овозможува дејствување. Имајќи ја предвид динамиката на живеењето, информираноста претставува континуирано восприемање нови сознанија, како и детално познавање на сите можни аспекти на некоја проблематика или тема. Пандемијата на ковид-19, во која се соочуваме со наплив на информации и сознанија до сега непознати за човештвото, е само еден сегмент од нашиот живот што практично ја покажува потребата од информираност со цел да можеме полесно да се приспособиме на нови и непознати ситуации, со кои постојано се соочуваме.
Зошто?
Информираноста е многу важна затоа што:
· овозможува темелно да ги разбереме нештата, а не само површно да восприемаме сознанија
· води до обмислени одлуки што се темелат на докази, факти и искуства
· ја зголемува довербата на другите во вас. Често, луѓето што се добро информирани се првите на кои им се обраќаме за мислење или за помош во кризни ситуации
Како?
· на новите инфрмации им пристапуваме критички. Се прашуваме кој е изворот на инфрмацијата и што е би можела да биде причината за тоа.
· се информираме од различни доверливи извори. Социјалните мрежи ни помагаат да бидеме во чекор со времето, но секако не треба да бидат единствените извори што ги користиме. Дел од сајтовите што би можеле да ни помогнат се
и други. Во принцип, сајтовите со екстензија .еdu или.org се повердостојни од тие што знавршуваат со .com.
· постојано да бараме нови аспекти од некој проблем или за некоја тема и да ги преиспитуваме нештата кои мислиме дека се точни
· да разбереме дека фактите се менуваат со текот на времето како што прибираме повеќе докази за нив. Седствено, сосема е нормално, некогаш да го смениме мислењето за нешто.
да научиме како „паметно“ да пребаруваме на Интернет. Некои совети за поцелисходно користење на Google Search ќе најдете тука
да размислиме и да провериме пред да споделиме или да ставиме лајк.
да бидеме секогаш подготвени да учиме нови нешта
да ја цениме слободата на печатот
да си поставиме здрави ограничувања во однос на восприемањето информации со оглед на тоа дека постојаната и интензивна изложеност на нови информации може да биде штетна за менталното здравје и да доведе до заситеност.
да ги игнорираме нерелевантните и збунувачки ифнормации, кои имаат скриени цели и кои можат да ни наштетат.
Приложуваме и подетална листа на релевантни извори на информации:
TED нуди многу поучни видео разговори и дискусии на различни актуелни теми.
Snopes е еден од сајтовите кој ви помага да ја провериме вистинитоста на информациите.
Perspecs е сајт каде што може да најдеме различни вести од три разглични перспективи: левичарска, десничарска и неутрална.
Подкастите се особено популарни во последно време и нудат можност да се претплатиме за да дознаеме повеќе за актуелните случувања.
Google Scholar нуди глем број на релевантни научни статии од најразлини области.
Различни канали на YouTube на кои можеме да се претплатите.
Сајтови како што се Оne, Global Citizen, Global Voices, Newslea, The Day, каде што можеме да се информираме за теми од глобален интерес.
Човековите права претставуваат неотуѓива привилегија на сите човечки суштества. Нивното почитување или ограничување во општествениот живот зборува за карактерот на власта, како и за соодветното општествено и државно уредување. Најраните обиди за нивно формулирање во облик на одделни државни акти се засведочени уште во древната цивилизација на Сумерците, а вистински исчекор во поглед на нивното дефинирање и почитување претставува Декларацијата за правата на човекот и граѓанинот од 1789 година, поврзана со Француската буржоаска револуција. Во поново време, посебно значење имаат Универзалната декларација за човековите права, усвоена од Генералното собрание на Обединетите нации во 1948 година, како и Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи од 1950 година.
Зошто?
- познавањето на елементарните човекови права (на живот, слобода, сигурност, еднаквост пред законите) обезбедува соодветен и праведен третман на секое човечко суштество;
- почитувањето на човековите права овоможува свесност за исклучителната важност од афирмирањето на интегритетот на секое човечко суштество, во име на хуманизмот како општочовечко својство;
- човековите права овозможуваат правилен развој на личноста на секој човек во рамките на општествената заедница, како и остварување на неговите економски, социјални и културни права.
Како?
- преку афирмирање и поттикнување на креативната слобода на секоја личност во наставниот процес, како показател за користа од таквиот пристап и пошироко, во секојдневниот живот, особено при справувањето со проблематичните ситуации;
- со отворени дискусии за почитувањето и кршењето на човековите права, што помага за развивањето на свесноста за нивната важност;
- преку афирмирање на слободата на мислење и изразување, со што се менува односот кон поинаквите стојалишта (политички, национални, сексуални, религиозни и сл.) и се развива личноста во насока на посуштинско разбирање на туѓите мисловни и вредносни позиции.
Развивањето нови интереси и таленти е важен извор на енергија. Енергијата создадена во миговите на контакт со нешто што нè инспирира и нè возбудува се прелева понатаму на останатите сфери од нашето живеење и на луѓето со кои комуницираме. Благодарение на активностите преку кои развиваме нови интереси и вештини и ги откриваме нашите таленти, ние сме посреќни и придонесуваме во создавањето на посреќно општество.
Пандемијата е и можност за истражување на нашите интереси и за наша надградба. Во време кога нашиот живот се одвива поинаку од вообичаеното, се отвора простор и време и за овие активности.
Учење нови вештини
Учењето е движечка сила на личниот и на општестваниот развој. Тоа не мора да е задолжително поврзано со формален образовен контекст (училиште, универзитет и сл.), ниту пак да заврши со заокружување на одреден степен на образование. Учењето е доживотно и може да се одвива и дома или на друго место и во време кога нам ни одговара.
Зошто?
Учењето нова вештина:
- внесува свежина во животот и влијае врз општата мотивираност
- буди љубопитство
- го намалува стресот
- активира различни делови од мозокот
- ја зголемува адаптибилноста, особено денеска кога условите на живеење и работење се мошне променливи
- отвора нови можности за вработување
- ослободува нова енергија и за други активности.
Како?
Се прашуваме што би сакале да умееме да направиме. Да зборуваме нов јазик? Да свириме инструмент? Да играме танго? Да направиме интернет-страница? Што е она што го буди нашето љубопитство и нѐ мотивира?
Учењето нова вешина може да биде полесно ако:
- направиме план за тоа како ќе се одвива
- го вклучиме во нашите дневни рутински активности
- почнеме со мали чекори кои ќе нѐ мотивираат да продолжиме.
Извори
Стекнувањето нови знаења и вештини денеска е олеснето преку постоењето на голем број бесплатни онлајн курсеви. Еве неколку веб-страници за вакви ресурси: