Грижата за себе подразбира континуирано градење однос на самопочит, сочувство, толераницја и решителност, во тоа кои сме, што умееме и колку вредиме како човечки суштества. Таквиот однос го олеснува контактот со себе, не прави автентични, посебни и автономни во поглед на другите. Автентичното јас се развива во безбедна и поддржувачка атмосфера, го помага процесот на самозапознавање и самоприфаќање во тоа кои сме и што можеме да бидеме, без страв од судење, напуштање, или отфрлање од страна на „другиот“. Тоа станува основа за решително спротивставување на деструктивните патријархални тенденции и стереотипни сфаќања за тоа кои и какви треба да бидеме, според очекувањата и нормите на културата, кои не водат грижа за индивидуалните потреби, различности, вредности и права на секој човек во заедницата.
Самоприфаќањето и грижата за себе се важни и за подобро разбирање (емпатија), поврзување и грижа за „другиот“, кој е исто толку важен за човековиот опстанок и живеење. Убав пример за ова е советот кога патуваме со авион, во случај на незгода, прво да ја ставиме својата кислородна маска, па дури потоа на нашето дете или на некој друг, за да ги заштитиме. Значи, за да може да се погрижиме и да им помогнеме на другите, прво треба да научиме како да се „грижиме за себе“, и тоа да го практикуваме, постојано.
Што уште значи грижата за себе?
· Безбедно поврзување и интеграција на сите дисоцирани (отсечени) делови од себе, во единствена, неповторлива целина/што претпоставува активна вклученост во откривање и/или градење ослободени, комфорни зони/простори за себе, каде што се чувствуваме удобно и снажно, да се спротивставиме на сите закани и ризици од отфрлање и повреди.
· Подобар контакт со сопствените потреби „сега и овде“, и одредување/артикулација на границите на личниот простор - што значи будно присуство во „сега и овде“, со свесност за сложените животни контексти на кои им припаѓаме, како одлучувачки фактори во нашите избори и одлуки, со кои ја делиме одговорноста за своите постигнувања.
· Развој на когнитивните способности (свесност, концептуално и критичко мислење), што води кон подобра проценка на можностите и на приоритетите во животот.
· Добро балансирање на вредностите, на самокритичноста, на чувството на одговорност – што претпоставува преиспитување и расчитување на полето на избори и одлуки од чувствата на вина, страв и/или срам како силни бариери на развојот.
· Полесно и подиректно справување со предизвиците во животот итн.
· Со почетокот на секој нов ден, олеснување на напнатоста поради очекувањата и предизвиците.
· Зголемување на самодовербата /што претпоставува доследност во напорите на градење позитивна слика за себе, заснована на искуствата на учество, на препознавање на сопствените вредности и на оддавање признанија за направените избори во сопствениот живот.
· Зајакнување на чувството на исполнетост и среќа.
Како?
Постојат голем број вежби, техники и вештини во градењето на односот на почит, разбирање и сочувство кон себе (self-compassion), како дел од грижата за себе, но сепак како клучни би ги издвоиле следните: