Наоѓаме шапка
Најдовме шапка.
Заедно ја најдовме.
Арно ама шапката е една.
А ние сме две.
Како ми стои?
Добро ти стои.
А мене како ми стои?
И тебе добро ти стои.
И на двете убаво ни стои.
Но не е фер една да има шапка а друга да нема.
Ни останува само едно.
Мора да ја оставиме шапката тука и да заборавиме дека сме ја нашле.