Jon Klassen 2

icon picker
Second group draft

Following discussion with Oliver Jordanovski

Најдовме шапка (Џон Класен)


ПРВ ДЕЛ
Наоѓаме шапка Најдовме шапка. Заедно ја најдовме. Ама шапката е една. А ние сме две. Како ми стои? Добро ти стои. А мене како ми стои? И тебе добро ти стои. И на двете добро ни стои. Но не е фер една да има шапка а друга да нема. Ни останува само едно. Епа тогаш да ја оставиме тука. Како да не сме ја нашле.

ВТОР ДЕЛ
Гледаме зајдисонце
Го гледаме зајдисонцето.
Заедно го гледаме.
Што си мислиш?
Мислам на зајдисонцето.
А ти што си мислиш?
Ништо.

ТРЕТ ДЕЛ
Си легнуваме
Си легнуваме.
Тука ќе си легнеме заедно.
Заспа?
Уште малку.
Готово?
Готово, заспав, веќе сонувам сон.
Што сон сонуваш?
Еве што сонувам.
Сонувам дека имам шапка. Многу добро ми стои.
И ти си тука. И ти имаш шапка.
И тебе многу добро ти стои.
И двете имаме шапки?



Want to print your doc?
This is not the way.
Try clicking the ⋯ next to your doc name or using a keyboard shortcut (
CtrlP
) instead.