icon picker
Jon Klassen 3

This is Not My Hat (2011)
A read-alound can be found here:

Оваа шапка не е моја

Шапкава не е моја.
Само што ја украдов.
Ја украдов од една голема риба.
Спиеше кога ѝ ја украдов.
И веројатно нема да се разбуди долго време.
А дури и да се разбуди, веројатно нема да забележи дека ѝ ја нема.
А дури и да забележи дека ја нема, веројатно нема да знае дека јас сум ја зел.
А дури и да погоди дека бев јас, нема да знае каде одам.
Ама тебе ќе ти кажам каде одам.
Одам каде што тревите се големи и високи и густи.
Таму ништо не се гледа.
Никој нема да ме најде.
Веќе ме видоа.
Но никој нема да каже каде одам.
Така што не се мислам за тоа.
Знам дека не е убаво да се краде шапка.
Знам дека не е моја.
Ама ќе си ја чувам.
И така на рибата ѝ беше премала.
Мене ми е тамам.
Види! Стигнав!
Каде што тревите се големи и високи и густи!
Знаев дека ќе стигнам.
Никој нема да ме најде.







Want to print your doc?
This is not the way.
Try clicking the ⋯ next to your doc name or using a keyboard shortcut (
CtrlP
) instead.