Jon Klassen 2

icon picker
Our colleagues, Group 1 translation

Најдовме капа – Џон Класен
Прв дел – Наоѓајќи ја капата
Ние најдовме капа.
Ја најдовме заедно.
Но има само една капа.
А ние сме двајца.
Како ми стои?
Убаво ти стои.
А како мене ми стои?
И тебе ти стои убаво.
Убаво ни стои и на двајцата.
Но не би било фер ако само еден од нас има капа а другиот нема.
Има само едно решение.
Треба да ја оставиме капата тука и да заборавиме дека ја најдовме.
Втор дел – Гледајќи го зајдисонцето
Го гледаме зајдисонцето.
Го гледаме заедно.
За што размислуваш?
Си мислам на зајдисонцето.
А ти за што размислуваш?
За ништо.
Трет дел – Заспивајќи
Ние заспиваме.
Ние заспиваме заедно.
Пред заспивање си?
Да.
Ама дали си целосно заспан?
Целосно сум заспан.
Сонувам сон.
За што сонуваш?
Ќе ти кажам за што сонувам.
Сонувам дека имам капа, што многу добро ми стои.
И ти си таму. И ти имаш капа. И тебе многу добро ти стои.
Двајцата имаме капи?

Want to print your doc?
This is not the way.
Try clicking the ⋯ next to your doc name or using a keyboard shortcut (
CtrlP
) instead.