Jon Klassen 1

icon picker
First group draft

КАДЕ МИ Е КАПАТА?
1 Ми ја нема капата.
Каде е?

2 Ми ја имаш видено капата?
Не. Не ти ја имам видено капата.
Добро, фала.
3 Ми ја имаш видено капата?
Не. Нема капи тука.
Добро, фала.
4 Ми ја имаш видено капата?
Не. Зошто мене ме прашуваш.
Ја немам видено.
Немам видено никаква капа.
Зошто би украл капа.
Не ме прашувај повеќе.
Добро, фала.
5 Ми ја имаш видено капата?
Цел ден ништо немам видено. Пробувам да се качам на каменов.
Сакаш да те поткренам?
Да, фала.
6 Ми ја имаш видено капата?
Видов една капа.
Беше сина и тркалезна.
Мојата капа не е таква.
Добро, фала.
7 Ми ја имаш видено капата?
Што е тоа капа?
Добро, фала.
8 Никој не ми ја видел капата.
Што ако никогаш повеќе не ја видам?
Што ако никој не ја најде?
Кутрата моја капа.
Толку ми недостига.
9 Што е работата?
Си ја изгубив капата. И никој ја нема видено.
Каква ти е капата?
Црвена и шилеста и...
10 ЈА ИМАМ ВИДЕНО КАПАТА.
11 ТИ. ТИ МИ ЈА ИМАШ УКРАДЕНО КАПАТА.
12 Многу си ја сакам капата.
13 Извинете, да не имате видено зајак со капа?
Не. Зошто ме прашуваш.
Немам видено зајак.
Немам видено никаков зајак.
Зошто би изел зајак.
Не ме прашувај повеќе.
Добро, фала.
Want to print your doc?
This is not the way.
Try clicking the ⋯ next to your doc name or using a keyboard shortcut (
CtrlP
) instead.