Skip to content
Настани

icon picker
Настава по преведување и толкување

Панел-дискусија за искуствата и предизвиците во наставата по преведување и толкување

Најава

Говорници:
д-р Владимир Цветкоски (настава по преведување)
д-р Милена Саздовска-Пигуловска (испити по преведување)
д-р Милан Дамјаноски (настава/испити по толкување)

Модератор: д-р Мирјана Алексоска-Чкатроска
Време: вторник (17.11.2020) во 18:00
Место: Зум - деталите се во продолжение:
Topic: Наставата по преведување и толкување
Time: Nov 17, 2020 06:00 PM Sarajevo, Skopje, Zagreb
Join Zoom Meeting
https://us04web.zoom.us/j/75552951304?pwd=b0xPV1pqRzZnQmdwRzRCOEhuZTBRdz09
Meeting ID: 755 5295 1304
Passcode: X24cGc

Белешки од настанот

На настанот учествуваа 22 учесници (наставници и студенти).
д-р Владимир Цветкоски го претстави својот начин на одржување настава по преведување преку Google Sites . Ја претстави структурата на страницата (информации за предавачот, задачи по преведување, помагала, консултации и резултати од испити). Задачите се објавени на страницата, а студентите ги пополнуваат одговорите преку Google Forms, којшто е интегриран на страницата. Преку Google Meet се добива автоматска евиденција за присуство. На самиот час наставникот го пишува преводот на споделен екран, а сите студенти учествуваат со сугестии и дискусија.
д-р Милена Саздовска-Пигуловска зборуваше за начинот на спроведување на испитите по преведување онлајн на Зум и плановите за комбинирање на Зум и Тимс за следната сесија. Таа ги нагласи предностите на Зум, како што се: можност за истовремено следење на екраните на студентите во реално време (како преведуваат и пребаруваат). Веродостојноста на испитот се обезбедува со: ограничено време на 45 минути за текст од 25 реда во Word; поделба на студентите во мали групи (до 10 студенти); различни текстови за различни студенти; вклучени камери; спречување можност да разговараат со пораки во Зум. Тимс е посоодветен за теоретски прашања преку можноста за Forms или Class Notebooks (Student Notebooks), како и за портфолио на преводи преку Assignments. На сите студенти однапред им се објаснуваат критериумите за оценување. Тимс е погоден и за наставата, особено опцијата One Note која овозможува заедничко преведување на час.
д-р Милан Дамјановски ги претстави платформите за онлајн толкување (платени и неплатени). Се осврна на предностите на видеоконференциските платформи за консекутивно толкување, со посебен фокус на Зум: можности за снимање на толкувањето, можност за пуштање снимени говори (аудио и видео снимки), споделување белешки. За симултано толкување, студентите може да толкуваат со исклучен микрофон истовремено, да се вклучат од два уреди или од две платформи истовремено (на една да го слушаат говорот, на друга да толкуваат), да работат во посебни групи (breakout rooms). Недостаток е тоа што не може да се толкува со релеј. Тој наведе и неколку платформи што може да се користат за толкување на далечина, за снимање говор врз говор (за симултано толкување) или можност да се слушаат студентите истовремено на повеќе канали преку Discord.
Сугестии/прашања од учесниците
Прашања/барања до Деканатот:
Дали може да се искористат последните часови од декември за одржување на испитите на Exam.net со оглед на тоа дека има најава за наплата на платформата од јануари 2021 г.?
Да се побара обука од Финки за користење на платформата Moodle.
Дали може да се одобри пренамена на средствата што му следуваат на секој наставник за учество на конференции и службени патувања за потребите на онлајн наставата, т.е. набавка на лиценци за Зум, Exam.net или некоја друга онлајн платформа? Според неформалните информации, годишна претплата на професионалната верзија на Зум чини 155 евра. Тоа би било мошне корисно за квалитетна настава, меѓу другото, по симултано толкување на додипломски и постдипломски студии.
Да се размисли за институционална претплата на една платена платформа за наставата (по толкување), прилагодување на лабораториите за онлајн работење и набавка на опрема за наставниот кадар (лаптоп со појака конфигурација).
На Факултетот да се назначи одговорно, службено лице за техничка поддршка за Тимс и другите платформи што се користат за потребите на наставата кое би било достапно за помош на наставниците и студентите во секое време.
Идеи за идни активности:
Практична работилница за спроведување испити по преведување за колегите кои предаваат преведување

Линк до снимката


Want to print your doc?
This is not the way.
Try clicking the ⋯ next to your doc name or using a keyboard shortcut (
CtrlP
) instead.