Skip to content
Настани

icon picker
Студентите за македонистиката

Овојпат студентите се на сцена, а наставниците во публика. Студентите ќе зборуваат за нивната мотивација да ја изучуваат македонистиката, како и за нивните искуства од студирањето на Филолошки.

Најава

Учесници: Сите заинтересирани студенти и наставници од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“
Студенти-модератори: Верица Мукоска и Пепи Стамков
Време: 15.4.2021 година (четврток) во 17:00
Место: Зум - деталите се во продолжение:
Topic: Студентска дискусија посветена на наставата по македонистика
Time: Apr 15, 2021 17:00
Join Zoom Meeting
Meeting ID: 892 3820 6136
Passcode: EA41g1

Белешки од настанот

На студентската дискусија посветена на наставата по македонистика присуствуваа 30-тина учесници. Освен студенти, присуствуваа и наставници од Филолошкиот факултет, како и наставници-практичари. Студентите-модератори Весна Мукоска и Пепи Стамков ја започнаа дискусијата отворајќи ги прашањата поврзани со мотивацијата да се студира македонистика, како и во врска со очекувањата и резултатите од досегашното студирање.
Во однос на мотивацијата да се изучува македонистиката, студентите го истакнаа влогот на професорите од основното и средното образование, како и личниот интерес за продлабочување на знаењата од таа област. Љубовта кон книгите беше посочена како несомнен двигател на интересот, како и желбата за унапредување на сопствената личност. Во таа смисла се потенцираше неминовната поврзаност на изучувањето на македонскиот јазик и на македонската литература, кое мора да се изведува синхроно. Љубовта кон сопствената традиција и можноста за нејзино превреднување беше уште еден аспект на кој се надоврзаа студентите, како и перспективите за изучување на сродните јазици и книжевности, како заднина преку која се согледува сопствената култура.
Околу прашањето како да се унапреди наставата по македонистика, беа истакнати следните можности:
- проширување на македонистичките предмети, како и општите предмети (теорија на литература, лингвистика) во студиските програми;
- внесување на дополнителни предмети од други сродни области, како што се: медиумска култура, креативно пишување, предмети поврзани со драмската игра, теоријата на филмот, националната историја, применетите странски јазици, информациската технологија, маркетингот и сл.
- враќање на задолжителната пракса која ќе ги поврзе студентите уште во текот на студиите со останатите институции (библиотеки, културно-информативни центри, институти, медиуми и сл.).
Во текот на дискусијата се споделија размислувања околу тоа како да се направат делата на македонските автори попривлечни за учениците, но и како да се осовремени пристапот кон нив (односно како тие критички да се преведнуваат). На тоа се надоврза и прашањето за компетенциите кои ги стекнуваат студентите при студирањето македонистика. Се дискутираше околу потребата за промена на пристапот на професорите, главно во основното и средното образование, потемелно истражување на прашањата за пишувањето и стилот, користењето на блогови преку кои професорите би ги оценувале студентите (и учениците), промена на наставните програми (особено во основното и средното образование), како и за можноста од изучување на блиските балкански јазици и книжевности, особено во текот на студирањето.
Во завршната фаза од дискусијата, студентите го изразија своето задоволство од досегашното изучување на македонистиката и од постигнатите резултати. Беше истакната мошне важната улога на студентите во покренувањето на актуелните прашања околу нивното соодветно вреднување на пазарот на трудот, не само на ниво на Факултетот, туку и пред надлежните државни институции, потребата од интердисциплинарен пристап во осовременувањето на програмите и поттикнувањето на нивната креативност и индивидуалност, како единствен начин за правилно градење на ставови и критичко мислење.

Снимка од настанот


Want to print your doc?
This is not the way.
Try clicking the ⋯ next to your doc name or using a keyboard shortcut (
CtrlP
) instead.