Наставници

icon picker
Поддршка за онлајн-испити

Со оглед на тоа што како институција нема да имаме пристап до апликацијата , во овој дел поместуваме искуства и совети од колеги кои користеле и/или или размислуваат да користат (и) други алатки за спроведување испити.
Доколку сакате да споделите размислувања/совети/идеи во врска со спроведувањето онлајн-испити, пратете ни го вашиот текст на За подобра прегледност, текстовите треба да бидат куси и информативни, и да ја следат структурата на прилозите во продолжение.
За понепосредна комуникација со колеги на темата огранизирање испити онлајн, приклучете се на групата Учење онлајн на Тимс со користење на следниот код: neyqdbp

Zoom за писмени испити (Sharing multiple screens simultaneously) во комбинација со Google Forms (д-р Соња Китановска-Кимовска)

Опис и предности: Предност на Зум за спроведување испити е тоа што има опција за споделување екрани од повеќе учесници истовремено. За да ја овозможите, одете на Share screen и штиклирајте Multiple participants can share simultaneously. Секој кој го споделува екранот НЕ МОЖЕ да ги гледа екраните на другите учесници. Тоа значи дека студентите не можат меѓусебно да си ги гледаат тестовите. Наставникот не го споделува својот екран за да може да ги гледа екраните на студентите. Кога некој сака да го сподели својот екран, Зум му дава опција да избере кој од сите документи/страници што му се отворени на компјутерот во дадено време сака да го сподели. За да се избегне можноста студентите да ја споделат само страницата или документот со тестот, задолжително ја избираат опцијата да го споделат екранот на компјутерот (тоа е првата опција - Screen). Така, всушност, го гледаме нивниот десктоп и имаме можност да следиме сѐ што прават на компјутерот (сите документи или страници што ги отвораат). Во дадено време може да го гледате екранот само на еден студент. За да се префрлите на екранот на друг студент, кликнете на View Options. Ќе се прикаже целиот список студенти и може да се префрлате од еден студент на друг.
Недостатоци: Недостаток на Зум е тоа што бесплатната верзија е ограничена на 40 минути, па испитот се прекинува по истекот на тоа време. Тоа може да се реши со делење на испитот на пократки целини кои може да се завршат за 40 минути или помалку. На пр. испитот по англиски јазик го организирам во три дела (слушање, пишување, граматика). За секој дел се поврзуваме одново на истиот линк. Поелегантно решение е да се обезбеди претплата на Зум па да се добие неограничен пристап. Друг недостаток на Зум е тоа што професорот не може да го споделува екранот и звукот во исто време со студентите. Тоа е проблем за испитите по слушање. Професорот мора да го сподели екранот за да ја пушти снимката, а ако и студентите го споделуваат екранот истовремено, не можат да ја слушаат снимката. За да ја слушаат, тие не треба да го споделуваат екранот. Сѐ уште немам најдено решение за проблемов.
Поопширна верзија на овој прилог, со вклучен осврт на комбинирањето на Зум со Гугл Формс за спроведување писмени онлајн-испити е достапна .
Некои дополнителни совети за употреба на Гугл Формс за да се обесхрабри препишување имате .
За некои видови испити (на пр. превод, пишување), алтернатива на Гугл Формс може да биде Гугл Докс, особено функцијата Преглед на минати ажурирања (Version history) - за повеќе на оваа тема погледнете .

MS Teams Forms за писмени испити (м-р Бобан Карапејовски)

Опис и предности: Мајкрософт Тимс е платформа која во себе има интегрирано голем број програми, сопственост на Мајкрософт, но можат да се интегрираат и други алатки (вклучително и Зум). Идејата е да се создаде виртуелно место за состаноци или за настава, кое треба да биде целосен пандан на „класичната“ училница: аудио, видео, можност за споделување фајлови, размена, ставање во виртуелен облак (клауд) и нивно споделување, но и продуцирање документи од различен вид во реално време. Предноста на Тимс е тоа што на располагање ни е целосната верзија на оваа платформа, вклучително и другите програми на Мајкрософт, без временски или какви и да е други ограничувања. Уште една предност е тоа што тестот создаден во Мајкрософт Формс може да биде наменет само за оние што се најавуваат од адресата на вашата организација, односно пристап имаат само оние што имаа корисничко име @flf.ukim.mk, па не може секој да пристапи до тестот кога тој се реализира. Детален опис на начинот на кој може да се користи Формс е достапен .
Недостатоци: Главниот недостаток на оваа платформа е тоа што таа, бидејќи интегрира повеќе програми, знае да бара повеќе време и простор за совладување на сите нејзини опции. Практично, треба да ги имате предвид и да ги тестирате сите одделни програми што се нудат како дел од платформата. Ние решивме тука да ја претставиме комбинацијата на видеоконференциската вградена опција за создавање училница на Тимс со програмата Формс. Дополнителен недостаток на Формс е што тој е наменет за тестови предвидени да се реализираат со „отворена книга“, па така нема ограничувања, при отворањето на тестот, да не може да се отвораат и други јазичиња на пребарувачот или да се излегува од платформата Тимс. Затоа, мора да се направи комбинација со видео-следење, како што се комбинира Гугл Формс и Зум. Патем, Мајкрософт Формс може да се искомбинира, наместо Гугл Формс, и со Зум, но тука како недостаток се појавуваат временските ограничувања на бесплатната верзија на Зум.

Edbase за писмени испити (д-р Елена Ончевска Агер)

Опис и предности: e платформа за испити со слични можности како . На платформата се креираат курсеви и испити, и се додаваат студенти во соодветните курсеви. На едноставен начин можат да се поканат студенти да полагаат испит, кој станува достапен во времето определено од страна на наставникот. Постои можност за „заклучување“ на екранот на кој се полага испитот за студентот да не може да консултира други ресурси на уредот на кој полага. Постои можност за оценување на самата платформа - коментарите на наставникот лесно се споделуваат со студентите, што го прави увидот непосреден. Платформата е бесплатна за максимум 10 студенти, односно 20 испити месечно. За поголем број студенти постои можност за месечна претплата.
Недостатоци: Моето првично тестирање на платформата (со паралелна употреба на професорска и студентска корисничка сметка) покажа дека е доста едноставно (а) да се креираат курсеви, испити и кориснички профили на студентите, односно (б) да се примат информации за испитот. Забележав дека доколку како професор сакате да направите промени во информациите за одреден испит (во системот го нарекуваат Exam session - секој испит е организиран како настан со одредено времетраење), тоа не е можно. Кога го контактирав лицето за поддршка, ми беше кажано дека ажурирање на испитните информации не е можно за да не внесе забуна кај студентите. Исто така, не успеав да влезам (со студентската корисничка сметка) во некои од моите испити, иако технички беа во тек. Првично мислев дека се работи за проблеми со временските зони (компанијата е во САД), но лицето за поддршка ми потврди дека тоа не е причината, и дека воопшто не се очекуваат такви проблеми. Заклучок: потребно е поопсежно тестирање со повеќе колеги.

Want to print your doc?
This is not the way.
Try clicking the ⋯ next to your doc name or using a keyboard shortcut (
CtrlP
) instead.