Студенти

icon picker
Студентите (формално) коментираат

Студентите коментираат

Во периодот 11-18 јануари 2021 година пилотиравме апликација за испитување на ставовите на студентите од Филолошки во врска со наставата што ја следеле во текот на зимскиот семестар 2020/21 (задолжителни предмети и изборни по струка). Апликацијата се вика Студентите коментираат. Целта е да ги вклучиме размислувањата на студентите во процесот на (пре)обмислување на нашите наставни практики. Анкетата е анонимна и студентите ја пополнуваат доброволно. Апликацијата да се користи на семестрално ниво, освен кога се спроведува формална факултетска евалуација.
Во овој дел ги прикажуваме четирите прашања од Студентите коментираат, на кои студентите одговараат по предмет, по професор. Ова значи дека кога повеќе професори одржуваат настава по еден предмет, предметот се прикажува онолку пати колку што има изведувачи. Користевме кратки прашања проследени со визуелни, метафорични содржини за да го олесниме процесот на рефлексија, особено бидејќи од студентите очекувавме да пополнат повеќе анкети (во идеален случај, онолку колку што предмети следеле). За да се прикажат сите прашања и опциите за одговор кои беа понудени, кликнете на сликата во продолжение:
Сите податоци од анкетата (поврзани со студентите, наставниците и предметите) се анонимизирани, а анализата ја прикажуваме во извештаите по семестри.

Want to print your doc?
This is not the way.
Try clicking the ⋯ next to your doc name or using a keyboard shortcut (
CtrlP
) instead.