ЕЛТАМ МК - АСОЦИЈАЦИЈА НА НАСТАВНИЦИ ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК И КНИЖЕВНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Гордиана Ѓоргова и Мирослава Павлова- Аневска
Развивањето на една асоцијација е процес кој започнува со мали чекори. Така се градеше и сеуште се гради ЕЛТАМ, со мали чекори, но секој од нив потпомогнат од партнерите, спонзорите и најмногу од ентузијазмот на луѓето кои учествуваа(т) во спроведувањето на секоја активност. Идентитетот на национална асоцијација, ЕЛТАМ МК го должи на годините и енргијата кои членовите, локалните координатори и члeновите на одборот го вложија во него.
ЗА ПОЧЕТОЦИТЕ НА ЕЛТАМ
Изучувањето на странските јазици во Република Северна Македонија има долгогодишна традиција за која голем придонес има Сојузот на друштва за странски јазици кој долги години ги организираше активностите пред се околу натпреварите на учениците од средните училишта.
Во текот на втората половина од 90-тите години во Педагошкиот завод доаѓаат советници EFL Fellows од САД меѓу кои беше и професорката Marta Mc Millan, Sherry Fetzer, а и други кои даваат поттик на испраќање на наставниците на студиски престој во САД како и организирање на обуки во земјата.
Во рамки на Центарот за странски јазици во Скопје беше основан СЕТРЕК -Ресурсен центар со наставни материјали, медијатека и дата база Pro- Quest за пребарување на материјали, основан од Канцеларијата за соработка со јавноста на амбасадата на САД во Скопје, Центарот за странски јазици и Институтот Отворено Општество).
Од СЕТРЕК потекна организацијата на Првата национална конференција на наставници по англиски јазик која се оддржа во aприл 1998 во ООУ „Димитар Миладинов“ во Скопје. Тоа беше прв поголем собир на наставниците и професорите по англиски јазик организиран на кој учество земаа голем број наставници и професори како од основните и средните училишта, а присутни беа и советниците Марија Ношпал, Владимир Мостров, Ристо Костадинов, Киро Поповски, Таше Стојановски, претставници на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ како и Центарот за странски јазици во Скопје.
Ентузијазмот за изучување на англискиот јазик кој беше манифестиран на втората национална конференција одржана во мај 1999 во ООУ „Димитар Миладинов“ во Скопје доведе до идејата да се формира ЕЛТАМ. На самата конференција беше избрано работно претседателство на ЕЛТАМ на кое му беше дадена задача да ја основа и формално правно асоцијацијата. Членови на тоа претседателство беа Гордиана Ѓоргова претседател Марија Моцан секретар, Марија Кусевска, Софија Митрева од Центарот за странски јазици Скопје и Виолета Ајдинска- Папазовска. Весна Стефковска од Институтот Отворено Општество кој финансиски го поддржа изработувањето на првиот статут и регистрацијата на ЕЛТАМ како правен субјект. Основачкото собрание на ЕЛТАМ МК се одржа на 15 мај 1999 година во Скопје, а формалната регистрација е направена на 8.7.1999 година. Дејноста на ЕЛТАМ се надоврза на активностите од поранешниот Сојуз на друштвата на странски јазици. Уште од почетокот функционира како Здружение на граѓани со околу 130 наставници, професори чија професионална ориентација беше усовршувањето на англискиот јазик како странски јазик.
Причините за своето постоење и делување најдобро ги дефинира во својата мисија
“ELTAM MK brings together and assists EFL professionals in their efforts to ensure excellence in English language teaching.”
„ЕЛТАМ МК ги поврзува и им помага на наставниците и професионалците поврзани со изучување на англискиот јазик во нивните напори да постигнат највисок квалитет на наставата по англиски јазик.“
Основните цели на асоцијацијата беа и сеуште се мотивирање на наставниците и професорите по англиски јазик во основните, средните и приватните училишта, помагање со искуства околу методиката и потребен дополнителен материјал за наставата. Преку ЕЛТАМ наставниците можеа да се вклучат во одредени проекти и да комуницираат и да соработуваат со другите членови на асоцијацијата но и надвор од неа.
ЕЛТАМ МК во својот зародиш започна со воспоставување на редовни активности кои овозможија да се идентификува како национална асоцијација на наставници. Редовни активности кои сèуште се одржуваат и кои овозможуваа да се подигне квалитетот на наставата по англиски јазик се конференциите, проектите, работилниците, натпреварите. Во градењето на овој идентитет ЕЛТАМ секогаш беше поддржуван од своите најголеми партнери Британскиот совет и Американската амбасада.
КОНФЕРЕНЦИИ
Во 2000 година беше одржана првата меѓународна конференција на ЕЛТАМ со помош на и Американската Амбасада во хотел Макпетрол, Струга, втората и третата меѓународна конференција на ЕЛТАМ, се одржа на 26 и 27 Октомври, 2002 г., и 25,25 Септември 2004 година во хотелите Метропол и Белви, Охрид. Во текот на своите 25 години постоење ЕЛТАМ МК одржа 13 меѓународни конференции со над 400 презентери и 3000 учесници со теми секогаш актуелни за наставниците како “The Changing Role of the Teacher in the EFL Classroom”, 7-8 Октомври 2006 г., Хотел Дрим, Струга, "Creating a Philosophy of Teaching: Linking the Personal and Professional Self", УАКС, 24-26 Октомври 2008 г., "Empowering Teachers for New Challenges in ELT", Универзитет ФОН, 30-31 Октомври 2010 г., "Continuing Professional Development - Opportunities and Challenges", Педагошки факултет, 27-28 Октомври 2012 г., “Managing teaching and learning – making the most of both worlds: Enhancing teachers’ and students’ life and organisational skills”, Кинотека Македонија/Факултетот ESRA /Градска Бибилиотека „Другарче“, Скопје, 1-2 Ноември 2014 г., “Re-imagining teaching Rejuvenating and transforming classroom practices”, , Хотел Дрим, Струга, 14-16 Октомври 2016 г., a one day conference event: All Teachers are Material Writers, Faculty of Philology Blaze Koneski, Department od English Language and Literature, Skopje, 30.9.2017, “Educate and Empower: From a More Creative and Englightened Teacher to a More Forceful and Cultivated Student”, Хотел Дрим, Струга, 19-21.10.2018 г., “Teachers’ Tales” online конференција, 2021 г. (одржана подоцна поради Ковид пандемијата), “Exploring and Sharing the Art of Teaching”, Хотел Дрим, Струга, 8-9 Октомври 2022 г., и најновата конференција “New Challenges New Perspectives”, Музеј на македонската борба за независност, Скопје, 25-26 Октомври 2024.
Овие конференции секогаш беа поддржани од нашите партнери и спонзори и секогаш се обезбедуваа предавачи кои ги пренесуваа најновите сознанија од областа на методиката на наставата по англиски јазик.
Проекти, работилници, семинари
Подобрувањето на квалитетот на наставата по англиски јазик се одвиваше и преку проекти кои овозможуваа збогатување на знаењата и вештините на наставниците по англиски јазик со најновите трендови во методиката на наставата по англиски јазик, но и многу други вештини потребни за успешно изведување на наставата. Такви проекти се: Making Effective Communication Project, 2001 чија цел беше започнување на Клуб за комуникации и лидерство (Communication and Leadership Club) како заеднички проект на ЕЛТАМ МК; Американската Амбасада и Центарот за странски јазици, the MADCAP Drama Project, 2003, кој беше раководен од Тим Филипс, а чија цел беше да се подобрат вештините на наставниците и професорите за употребување на драмски техники во училницата, The Storybook Project, 2004, чија цел беше создавање на серија кратки приказни кои можат да се употребат во наставата по англиски јазик, The C.A.R.E. Project, 2005 чија цел беше да се создадат можности за професионален развој на насѕавниците надвор од главниот град и да се стимулира активноста на регионалните ограноци на ЕЛТАМ МК, Trainer Training Course, 2006, 2008, проект чија цел беше да се создаде група на обучувачи на наставници, ELTAM MK- EVE-ELT Joint Leadership Mentoring Project 2021, кој понуди менторкса програма за лидерство и можност на 10 наставници да бидат обучени за држење презентации на конференции, the PRELIM 2 & 3 Projects 2021-2023, кој им даде можност на 30 наставници да ги развијат и надградат своите знаења и вештини во методиката на наставата по англиски јазик,како и на други 17 наставници да учествуваат во креирањето на реусрси за учење англиски јазик соодветни за програмите на државните основни училишта, The MMM Project 2024-25, предводен од проф. Елена Ончевска Агер, чија цел е развивање на Менторската група на ЕЛТАМ МК.
Покрај проектите ЕЛТАМ МК има овозможено наставниците да посетат голем број на еднодневни работилници, семинари и вебинари на различни теми.
НАТПРЕВАРИ
Натпреварите се една од активностите која ЕЛТАМ МК постојано ја развива. Првите натпревари по англиски јазик по основањето на ЕЛТАМ МК се одржаа во 2000 година и тоа само за учениците од осмо одделение од основното образование и втора година средно образование во само еден круг. Денес во 2024 година, се одржуваат три круга на натпревари секоја година, општинско, регионално и државно и тоа за 8 генерации ученици, од петто до деветто одделение од основното образование и од прва до трета година од средното образование. На последните натпревари беа пријавени приближно 1600 ученици од сите генерации Интересно е да се напомене дека оваа активност е уникатна за ЕЛТАМ МК и малку од другите наставнички здруженија во регионот организираат нешто слично.
Целта на натпреварите е да иницираат поголем интерес за англискиот јазик кај учениците, да ги поттикнат учениците кон проширување и продлабочување на знаењата на англискиот јазик, да ги вреднуваат и рангираат стекнатите знаења, умеења и вештини на учениците, да го развијат натпреварувачкиот дух, да ги откријат надарените ученици по англиски јазик; да ја поттикнат соработката помеѓу учениците и менторите, како и размената на информаци помеѓу наставниците и професорите по англиски јазик.
Покрај овој вид на натпревари, ЕЛТАМ МК одржуваше и натпревари во пишување есеи во заедничка соработка со Мировниот Корпус.
ВМРЕЖУВАЊЕ
Од голема важност за развојот на ЕЛТАМ МК одигра и вмрежувањето. Во текот на првите пет години години се разви и мрежа на локални координатори во 11 градови кои дејноста на ЕЛТАМ ја промовираа на локално ниво и ги организираа натпреварите за основно и средно образование, но беа и одговорни за организирање на работилници и презентации во рамките на ЕЛТАМ. Не може а да не се спомене дека ентузијазмот на локалните координатори беше и секогаш ќе биде голем придонес за опстојувањето и делувањето на ЕЛТАМ МК.
Во тие години се воспоставија и партнерства со странски асоцијации меѓу кои BETA Bulgaria, IATEFL UK, TESOL USA, ELTA Albania, ELTA Srbia, HUPE Croatia, IATEFL Slovenia, IATEFL Poland, RATE Romania, IATEFL Hungary, Turcija, IATEFL Poland TESOL Greece KETNET Kosovo и други. Овие партнерства овозможуваат членовите на ЕЛТАМ да ги посетуваат конференциите на партнерските асоцијации по повластени услови.
Вмрежувањето овозможи наставниците по англиски јазик и книжевност да разменуваат идеи, искуства и знаења и вештини со нивните колеги од регионот, но и истите да ги пренесуваат своите знаења на колегите од регионот и пошироко.
ПУБЛИКАЦИИ
ЕЛТАМ МК како свои редовни публикации од 2012 до 2017 година го имаше својот Newsletter каде што се објавуваа интересни написи за наставниците, размена на идеи и активности извештаи од одржани настани. Оваа публикација излегуваше квартално, односно еден број на секои 3 месеци. До 2007 година се издаваше во печатена форма, а потоа продолжи да се издава во електронска форма. Уредници на Newsletter беа Лилјана Митковска, Фанија Смичковска и Марија Џонова. Од Особен интерес за наставниците беа страниците посветени на интересни активности за во училница.
Втора публикација која има големо значење за ЕЛТАМ МК е Journal каде што се објавуваа истражувањата и трудовите кои првенствено беа презентирани на конференциите на ЕЛТАМ. Оваа публикација доби статус на меѓународен журнал со петчлен уредувачки одбор од различни земји. Главен уредник бепе Јованка Јованчевска, а подоцна и Марија Џонова и Христина Леова. Овие изданија веќе не се објавуваат поради низа околности, иако постои идеја истите да се продолжат во дигитална верзија.
Меѓу најважните публикации за ЕЛТАМ МК се серијата од четири сликовници на англиски јазик кои беа изработени како заеднички проект на ЕЛТАМ МК и Британскиот Совет во 2004 година. Беа испечатени голем број примероци и дистрибуирани во многу основни училишта. Во тоа време ресурси од ваков вид беа реткост, па наставниците навистина се радуваа на оваа можност да употребат сликовници на англиски јазик, особено затоа што тие не само што ја содржеа приказната илустрирана туку и голем број на вежби погодни за употреба во наставата.
Уште еден ваков ресурс изработен во поново време се прирачниците за учење на англиски јазик изработени во прамките на проектот ПРЕЛИМ 3 во 2022-23 година. Тие се работени според тековните програми по англиски јазик пропишани од БРО со цел да им се помогне на наставниците во основните училишта да обезбедат содржини за наставата во контекст кога работат без одобрени учебници.
Своето работење во првите 10 години ЕЛТАМ МК го документираше со издавање Монографија во 2010 година.
СОРАБОТНИЦИ
Од особена важност е соработката која ја има воспоставено со високо-образовните институции во нашата земја: Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје, Универзитетот Американ Колеџ, Скопје, Филолошкиот Факултет при Универзитетот Гоце Делчев, Штип, Педагошкиот Факултет од Битола, Универзитето на Североисточна Европа од Тетово и во поново време Меѓународниот Балкански Универзитет во Скопје. Овие наши партнери секогаш се грижеа за поврзувањето на сознанијата од најновите истражувања да се поврзат со праксата на наставниците.
Во текот на своето 25 годишно постоење, ЕЛТАМ МК соработуваше и сèуште соработува со многу партнерски организации кои несомнено имаа голем удел во развивањето на асоцијацијата. Од особена важност се Британскиот Совет, Мировниот Корпус, Американската Амбасада, Центарот за страни јазици, приватното средно училиште „НОВА“, Англиски Центар – претставник на Oxford University Press, Академска книга- претставник на Hamilton House Publishers, Арс Ламина – претставник на Cambridge University Press and Assessment, Ст. Џорџ – претствник на Pearson, Експрес Бук – претставник на Express Publishing и уште многу други поддржувачи на кои ЕЛТАМ МК им е благодарен за постигнување на своите цели.
Академска Книга и Hamilton House Publishers
Hamilton House Publishers е една од најбрзо растечките ELT компании глобално. Уредничкиот и креативниот персонал во Hamilton House Publishers доаѓаат со години искуство во настава низ целиот свет. Имајќи го предвид ова искуство и сугестии дадени од голем број наставници во текот на годините, соодветно е креирана програма со широк спектар на материјали кои ќе ги мотивираати ќе им помогнат на учениците да учат англиски јазик. Од учебници задеца од предучилишна возраст до учебници за тинејџери и возрасни, граматики засекое ниво, специјална колекција на читанки и стандардизирани тестови заподготовказа полаѓање на меѓународнииспити се само дел од палетата производи што ги нуди Hamilton House Publishers. Интерактивенсофтвер и дигитални учебници се достапни со секој наслов,како и дигитална онлајн платформа за учење англиски јазик. И не само тоа. Hamilton House Publishers го нуди најновото од развојот на дигиталната технололгија преку Tap and Talk програмата компатибилна со Интерактивното Зборлесто Пенкало и апликации за мобилни телефони за најновите програми.
Од јануари 2019 година, Академска книга е единствен претставник/дистрибутер на Hamilton House Publishers на територијата на Република Македонија.Покрај дистрибуцијата на ELT книги, Hamilton House Publishers и Академска книга воведоа новитет на пазарот: Hamilton House Classroom низ цела Македонија, вкупно седум засега. По една Хамилтон училница е обезбедена за училишта за странски јазици во Прилеп, Штип, Куманово и Гевгелија и триучилници во училишта во Скопје. Уникатниот концепт на Hamilton House Classroom овозможува поинаков пристап во наставата, со што и на наставниците и на учениците им се нуди единствено уникатно искуство.
Во 2022 годинаHamilton House Publishers и Академска книга го отворија Хамилтон ХаусЕдукативниотТренинг Центар за наставници, единствен од ваков вид во Македонија. Едукативниот Тренинг Центар одржува редовни работилници за наставници по англиски јазик. На овие работилници подеднакво учествуваат наставници од приватниот и од државниот сектор. Единствениот фокус на Хамилтон Хаус Едукативниот Тренинг Центар е формирање и одржување на силна, мотивиранаи високо способна заедница на наставници по англиски јазик во Република Македонија.
По влегувањето на македонскиот пазар во 2019 година, Hamilton House Publishers и Академска книгаодржаа Академски семинар, најголем од ваков вид. Овој настан прерасна во годишна традиција, настан кој со нетрпение го очекуваат наставниците по англиски јазик. Со исклучок на 2020 година поради ограничувањата на Ковид-19, Академскиот семинар редовно се одржува секоја година и привлекува најголем број наставници по англиски јазик подготвени дополнително да ги подобрат своите квалификации. Просуството на презентерите и обучувачите на Hamilton House Publishers на годишниот академски семинар, многубројните гостински
презентации за универзитети, како што се Меѓународниот балкански универзитет, Универзитетот на Југоисточна Европа, викенд летните работилници и конференциите на ЕЛТАМ МК им даваат можност на наставниците дасе запознаат и да работат со етаблирани професионалци во областа на наставата по англиски јазик.
Соработката помеѓу Hamilton House Publishers, Академска книга и ЕЛТАМ МК, како и спонзорирањетона државните натпревари за основни и средни училишта беа бонус во нашата крајна цел:зближување на наставниците.
Англиски Центар, Oxford University Press и MacMillan
Англиски центар е генерален застапник на реномираните британски издавачи Oxford University Press и Macmillan Education.
Центарот ги бележи своите почетоци во далечната 1996 година, кога за првпат во Македонија се воведуваат изворни материјали во областа на поучувањето на англискиот како странски јазик. Ваквата практика наидува на фантастичен одзив кај професионалната фела, па така Англиски центар прераснува во своевиден ‘one-stop-shop’ за сите англофили. Пресретнувајќи ја побарувачкатата, Англиски центар започнува да обезбедува популарна белетристика, наслови за најмладите, како и стручна литература од најразлични области: кулинарство и гастрономија, архитектура и геодезија, психологија и медицина итн.
Препознавајќи ги опипливите придобивки од примената на методологиите во британските учебни помагала, Англиски центар заедно со Oxford University Press - најголемата универзитетска печатница на глобално ниво - учествуваат во министерски пилот-проект на земјите од поранешна Југославија кога за првпат во редовно образование се појавија оксфордски изданија подобни за националните наставни програми по англиски јазик. Првата година, учество зедоа дванаесет државни училишта, додека, пак, следната година се придружија 130 училишта.
Извонредниот успех е нотиран од страна на МОН и БРО со што Англиски центар станува репер во ELT секторот.
Англиски центар ги отвора вратите на својата книжарница во 1999 година на добропознатата локација во епицентарот на Скопје и оттаму веќе дваесетипет години ги исполнуваме потребите на филолозите-англисти во Македонија и регионот, своевремено соработувајќи со 35 различни издавачи.
Во своето делување, Англиски центар е предводник во организирањето на семинари за професори по англиски јазик наменети за продлабочување на методичките компетенции, следејќи ги последните текови, дигитални трансформации и воведувањето на AI во ELT. Ваквите пригоди, меѓу другото, се и одлична можност за вмрежување и споделување искуства, како и обезбедување фидбек.
Исто така, Англиски центар е горд поддржувач на ЕЛТАМ уште од самите почетоци на организациското постоење на асоцијацијата. Одлучни сме во нашата заложба да пружиме поддршка кон афирмација на квалитетните практики во ELT, и нашите партнери го препознаваат тоа.
Pearson и St. George
Pearson во Македонија, како еден од најголемите и најквалитетни светски издавачи, е присутен од 1995 година преку ексклузивниот дистрибутер "St. George Dooel"во Скопје. Оваа издавачка куќа има значајно влијание врз светското образование во различни области, вклучувајќи школско, универзитетско, стручно и применето образование, сеопфатно тестирање и сертификација за меѓународни дипломи. Во Македонија, нивното најголемо влијание е забележано во наставата по англиски јазик како странски јазик.
Од нивното воведување во 1998 година, учебниците и образовните материјали на Pearson широко се користат во основните и средните училишта, придонесувајќи за модернизација на наставата по јазик. Овие учебници се усогласени со меѓународните стандарди за учење англиски јазик, што овозможува структурирана и конзистентна настава низ целата земја. Ова, пак, им помага на учениците да се подготват за меѓународно признати испити, како што се Cambridge и IELTS, кои се клучни за академски и професионален напредок.
Дополнително, Pearson обезбедува обуки и работилници за наставниците, овозможувајќи им да ги користат најновите наставни методологии. Овие обуки ги запознаваат македонските наставници со современите техники, што директно придонесува за подобрување на квалитетот на наставата и овозможува попрофесионално искуство во училницата.
Учебниците на Pearson вклучуваат интерактивни материјали и дигитални ресурси, кои придонесуваат за поинтерактивна настава, олеснувајќи го процесот на учење преку нови технологии. Ова е особено важно за учениците во дигиталната ера.
На крајот, употребата на модерни учебници им овозможува на македонските ученици да бидат подобро подготвени за глобалниот пазар на труд, бидејќи англискиот јазик станува неопходен за успех во многу меѓународни професии. Pearson игра важна улога во подготвувањето на македонските ученици за глобалната конкуренција.
Во целост, Pearson има клучна улога во подобрувањето на квалитетот на наставата по англиски јазик во Македонија, нудејќи ресурси кои се усогласени со најдобрите светски стандарди и методи.
Want to print your doc? This is not the way.
Try clicking the ⋯ next to your doc name or using a keyboard shortcut (