Per Aspera Ad Astra: За делото на Анета Стојановска (1956-2010), сведоштво на Илина Качинске
Секој нов пристап на настава по англиски јазик е несомнено реакција против оној кој претходел. На макро ниво, согледаните проблеми претставуваа појдовна точка за креирање на нови, иновативни методи. Целта е секогаш успешно усвојување на англискиот јазик и стекнување на компетенции налик оние на изворните говорители. На микро ниво, секој добар наставник со своeто расудувачко око ги забележува помалку видливите проблеми помеѓу безбројните учебници и наставни материјали и наоѓа различни и креативни начини да ги надмине. Во секој случај, креативноста произлегува од потребата за надминување на некој проблем, посветеноста и свесноста на наставникот околу важноста на кроење на методолошкиот пристап кон начинот на учење својствен на одредена група изучувачи.
Имав огромна чест лично и секојдневно да ја посведочам посветеноста на токму таква наставничка по англиски јазик, мојата мајка Анета Стојановска. Анета помина три децении како наставник по англиски јазик во Центарот за Странски Јазици (ЦСЈ), Скопје. Превртувајќи низ сеќавањата од нејзините утра поминати во читање, сечење слики од весници, креирање игри за проверка на знаење, преслушување англиски песни за часови, прегледување тестови, како и разгледувајќи ги нејзините материјали, би сакала да издвојам две клучни карактеристики: нејзината неисцрпна жед за континуирано учење со цел суштинско разбирање на процесот на предавање, природата на учениците и нивната заемна релација, како и нејзината одлучност со „пот“ да креира сопствени материјали како дополнение на зададените учебници.
Континуирано учење
Подолу се дадени дел од насловите кои беа запишани во различни нотеси, најпрво како нејзини импресии а потоа и развиени во работилници наменети за нејзините колешки. Една од практиките на тогашната директорка на ЦСЈ, Мира Ралева, било секој наставник после професионален престој во странство или присуство на семинар, самиот да одржи работилница за наставниот кадар од ЦСЈ (Ордев, лична комуникација). Доволно е да се прочитаат насловите за да се увиди желбата да се биде во тек со најновите откритија и практики во областа на наставата по англиски јазик, но и потребата да се разбере природата на ученикот со цел оптимално прилагодување на наставните материјали.
A learner-centered approach
Carl Rogers USA “Freedom to learn”
Characteristics of Age Groups (age 11-14 with elementary teachers; age 15-18 with high-school teachers)
Physical Growth Spurt
Characteristics of Adolescents
Piaget’s Stages of Cognitive Development
Self-study: Total Quality Education
Parent-teacher Conference
Communicative Language Teaching
Register Analysis
Spacing in vocabulary acquisition and retention
Recasts as corrective feedback
Games for Second Language Learning (Gertrude Nye Dorry)
Games, simulations and role-playing (The British Council)
Types of mistakes students make (Naum Dimitrijevic, March 10th, 1979)
Needs Analysis
Дополнителни (авторски) материјали
На скоро секој наставник по англиски јазик му е доделен сет на учебници (Student’s Book and Teacher’s Book). Иако комерцијалните учебниците се често нужни, тие обично не се доволни за стимулирање на потребната афективна и когнитивна ангажираност за успешно усвојување на втор јазик (Tomlinson, 2013). Согледувајќи ја оваа клучна премиса, Анета секојдневно и постојано листаше по англиски весници и списанија (e.g., New York Times, Reader’s Digest, Just Seventeen, Natural Geography) за да се инспирира да создаде автентични материјали како дополнение на зададените учебници. Темите секогаш беа во чекор со современите случување на глобално ниво, а доста често беа и табу за нејзиното време на предавање (Слики 1-3). Покрај оваа ангажирана цел, автентичните материјалите беа внимателно избрани за да придонесат слушателите најпрво да воочат како одредени граматички и лексички структури се употребуваат од изворни говорители на англискиот јазик (видете Corpus Linguistics in Language Teaching), а потоа преку интерактивни и контекстуализирани вежби самите да ги употребат (Слики 4-8).
Авторските материјали на Анета (Слики 9-11), пак, ја отелотворуваат нејзината желба и спосбност да ги оживее јазичните структури од учебниците и преку интерактивна и стимулирачка игра да им помогне на слушателите истите да ги усвојат. Битно е да се напомене дека сите овие материјали се креирани за да се одбегнат активности од учебниците кои често стимулираат мисловни процеси на механичко кодирање и декодирање вештини преку учење дефиниции и преводни еквиваленти на памет, препознавање и повторување гласови, зборови и изрази, како и механичко пополнување на реченици со одредени граматички структури. Од овие материјали се воочува дека клучно за сите вежби е да се воспостави една значајна врска помеѓу формата и значењето, придружено со теми кои им овозможуваат на слушателите користење на ментални вештини како што се заклучување, поврзување, предвидување во процесот на интеракција со англискиот јазик. Во суштина, преку овие материјали, Анета им овозможуваше на слушателите да мислат и учествуваат во процесот на усвојување на англискиот јазик (Tomlinson, 2013), да бидат афективно и когнитивно стимулирани (Anderson, 1993; Craik and Lockhart, 1972), да го забележат автентичниот и спонтан начин на употреба на јазичните структури (Schmidt’s Noticing Hypothesis, 2001), да бидат мотивирани за значајна интеракција (Long’s Interaction Hypothesis, 1996), да бидат насочени кон значењето, а не само кон формата во јазикот (e.g., Doughty and Williams, 1998; Long, 1996; Prabhu, 1987 Focus on Meaning), да имаат можност за контекстуализирана и значајна комуникација (Swain’s Output Hypothesis, 1991), како и да внесат дел од себе на часот.
References
Anderson, J. R. (1993). Problem solving and learning. American Psychologist, 48, 35–44.
Craik, F. I. M., & Lockhart, R. S. (1972). Levels of processing: A framework for memory research. Journal of Verbal Learning and Verbal Behavior, 11, 671–684.
Doughty, C., & Williams, J. (Eds.). (1998). Focus on Form in Classroom Second Language Acquisition. Cambridge University Press.
Long, M. (1996). The role of the linguistic environment in second language acquisition. In W. Ritchie & T. Bhatia (Eds.), Handbook of Second Language Acquisition (pp. 413–468). Academic Press.
Prabhu, N. S. (1987). Second Language Pedagogy. Oxford University Press.
Schmidt, R. (2001). Attention. In P. Robinson (Ed.), Cognition and Second Language Instruction (pp. 3–32). Cambridge University Press.
Swain, M. (1991). French immersion and its offshoots: Getting two for one. In B. Freed (Ed.), Foreign Language Acquisition Research and the Classroom (pp. 91–103). Heath.
Tomlinson, B. (2013). Second language acquisition and materials development. Applied Linguistics and Materials Development, 11, 11–30.
Слика 1
Слика 2 (1987)
Слика 3 (1987)
Слика 4
Слика 5
Слика 6
Слика 7
Слика 8
Слика 9: Sparklight Boardgame after Unit 5
Слика 10: Rainbow after Unit 6
Слика 11
Want to print your doc? This is not the way.
Try clicking the ⋯ next to your doc name or using a keyboard shortcut (