Пред да се формира Комисијата за унапредување на наставата, на 5.6.2020, беше одржан вебинар за употреба на платформата за учење онлајн, МС Тимс. Обуката ја водеше д-р Елена Ончевска Агер. Беа разгледани можностите што платформата ги нуди за синхрона (на пр. директни пораки, видео-состаноци) и асинхрона комуникација (на пр. форуми, анкети). Исто така, се разгледаа и можностите за оценување. Снимка од обуката достапна
Преку истиот линк се достапни и инструкциите за најава. Следете ги инструкциите од документот во Ворд за да се приклучите на платформата. Има повеќе чекори за следење, и затоа е важно внимателно да ги следите - ако прескокнете некој чекор, може да изгубите време. Во прилог имате и документ во пдф формат - тој ги објаснува можностите што ги нуди Тимс, но главните секако се разгледаа на вебинарот.
Ако пристапите со нефакултетска адреса (т.е. адреса што нема екстензија @flf.ukim.edu.mk), ќе ви треба дозвола за пристап, која брзо ќе ја овозможиме.
Want to print your doc? This is not the way.
Try clicking the ⋯ next to your doc name or using a keyboard shortcut (