На настанот присуствуваа 10 колеги, методичари, но и не само.
Наставата во моментот се одржува на Зум и Тимс.
За хоспитациите, колегите од Финки изработуваат техничко решение за приклучување на надворешни лица на Националната платформа. Елена Ончевска Агер е во интензивна комуникација со нив, и решението е речиси готово. Следниот чекор е да се обратиме до МОН (контактот ќе го препрати до сите Елена) за да нѐ додадат во системот. Следењето настава на Националната платформа е можност далечински да се поврземе со наставници кои работат во други градови низ Македонија, не само во Скопје.
Во меѓувреме, студентите можат да вежбаат така што ќе одржуваат часови во мали, неформални групи изучувачи во 7-миот семестар, а во 8-миот семестар целосно да ја следат Националната платформа. Друга идеја е практичните испити од 7-ми и 8-ми семестар да се полагаат во 8-ми семестар.
Да се провери дали би се користеле истите договори училиште-Деканат како и досега? - Ова е проверено и одговорот е да.
Иницијатива: хоспитирањето да биде централизирано, т.е. да го организира МОН, со цел да се допре до различни наставни контексти.