Со оглед на тоа што испитната сесија секогаш доаѓа побрзо отколку што ја очекуваме, а и важно е испитните методологии да ни бидат усогласени со наставата, ги повикуваме сите колеги од Филолошки, наставници и студенти, на панел-дискусија за размена на искуства и идеи.
Во првите 30-ина минути свои искуства од јунската испитна сесија 2020 ќе споделат:
д-р Калина Малеска
д-р Искра Тасевска Хаџи-Бошкова
м-р Бобан Карапејовски
Во следните 30-ина минути сите учесници ќе можат да споделат свои искуства и идеи. Настанот ќе го модерира д-р Соња Китановска-Кимовска.
Панелот ќе се одржи на 29-ти октомври (четврток), од 18:00 до 19:00 часот на следниот линк:
Topic: Ајде да зборуваме за испитите: Панел-дискусија
На панел-дискусијата присуствуваа 36 колеги, наставници и студенти.
Д-р Калина Малеска зборуваше за моделот на писмени испити кој почнала да го применува неколку сесии пред пандемијата (традиционален пристап базиран на репродукција на факти од книжевноста). Потоа, тој пристап го спореди со нејзиниот алтернативен испитен модел, според кој прашањата подразбираат заземање став и аргументирање. Резултатот е позабавен испит за студентите и разновидни четива за наставниците.
Д-р Искра Тасевска Хаџи-Бошкова зборуваше за испитниот формат на редовни неформални писмени задачи на курсот во комбинација со устен испит на платформата Зум. И покрај првичната резерва на студентите за усно полагање во реално време, искуството се покажало како позитивно, во смисла на овозможување критичко процесирање на материјалот и внатрешна полемичност, и наставникот и со колегите.
М-р Бобан Карапејовски ги сподели искуствата од своевидното „префрлување“ на традиционалниот испитен формат во онлајн-просторот, конкретно на платформата Тимс. Студентите се логирале преку нивните институционални профили и успешно ги предале нивните електронски тестови. Нивото на заштита е слично како на испитите во живо (консултација со други лица е можна во двете ситуации), а администрирањето е едноставно.
Сугестии/прашања од учесниците:
„Идејата за вакво споделување искуства е одлична. Би било добро да се организира нешто слично за испитите од областите: преведување, толкување и настава по странски јазик (одржување час по јазик како дел од испитите по методика).“
: We have not yet decided on pricing after 2020, but just to give you an idea in Sweden Exam.net costs around 4 EUR per student and year. There are also group discounts for volume purchases. )