Skip to content
Настани

icon picker
Трета работилница за академско пишување

Менторирање студенти кои пишуваат дипломски и семинарски трудови

Најава за настанот

На работилницата продолжи дискусијата во врска со темата на дипломските трудови, истражувачките прашања, релевантноста на изворите и структурата на дипломските тези.
Време: 19.5.2022 во 13:00 ч.
Место: Зум
Презентер: д-р Мира Беќар

Белешки од настанот

На работилницата присуствуваа осум наставници.
Започнавме со разграничување на поимите тема (област во која ќе се истражува) наспрема цел (што се сака да се постигне со истражувањето) наспрема теза (во што сакаме да го убедиме читателот). Мира објасни дека ги поттикнува студентите да пишуваат за проблем кој треба да го опишат и да предложат решение. Процесот е органски и истражувањето може да отстапи од првичниот план. Менторот ја коментира релевантноста на темата и, ако е потребно, да помогне преку реформулирање или промена на опсегот на темата. Важно е менторот да му помогне на студентот да оцени колку е важна темата за потенцијалните читатели. Се зборуваше и за тоа чија е обврската за изборот на тема: на наставникот или на студентот? Во првото сценарио, ризикот е студентот да има проблеми со одржувањето на мотивацијата во процесот. Учесниците разменија искуства со студенти чие пишување заглавува во т.н. слепа уличка, а се зборуваше и за студенти што сосема ќе ги снема и кои се обрвските на професорот во таков случај. Што се однесува до истражувачките прашања, тие треба да се јасни и насочени.
Понатаму, изворите кои се користат во пишувањето треба да бидат релевантни. Прашања кои треба да се земат предвид се: дали да се користи научна и/или популарна литература? Има ли кредибилитет изворот? Дали текстот е рецензиран? Владините документи треба се издржан извор, но и тоа се менува. Дали се работи за факти, лично мислење или реклама? Дали фактите што се преземаат се цитирани во пошироката заедница? Кои се контрааргументите? Дали трудот е прочитан во оригинал? Дали е важно да се цитираат што е можно понови публикации? Мира сподели сајтови на кои редовно се објавуваат неточни факти: The Freedom Articles, Natural News.
Во врска со структурата на тезите, се разменија неколку можни структури, по области. Треба да се размисли и за формалните апсекти на трудот во смисла на должината на текстот и начините на референцирање, и тие да се унифицираат на ниво на факултет.
Планот за наредната средба е да се доработат можните структури на тезите, по области и да се разгледаат постоечки рубрики за оценување.

Want to print your doc?
This is not the way.
Try clicking the ⋯ next to your doc name or using a keyboard shortcut (
CtrlP
) instead.