Наставници

icon picker
Научни интереси на наставниците

Подобрување на пристапот до научните интереси на наставниците на Филолошки: Допис до Деканат, 17.5.2021
Почитувани,
поттикнати од реакциите на колегите на ННС по повод подобноста на составот на комисиите за оценување магистерски и докторски теми, размислуваме за начин како подобро да се информираме меѓусебно за истражувањата, трудовите, излагањата на конференции и сл. на сите колеги на Факултетот за да добиеме подобар увид во тоа со што се занимаваат и за што се стручни колегите.
Би сакале да го решиме ова прашање без да си додаваме дополнителни обврски. Според барањата на Деканатот, секоја година поднесуваме 2 извештаи со приближно исти податоци: индивидуален годишен извештај (за академска година) и годишен извештај за макропроектот (за календарска година). Се прашуваме зошто се потребни овие два посебни извештаи и зошто едниот се однесува на академската година, а другиот на календарската. Од нашето лично искуство, пријавувањето на активностите (поточно, на трудовите) по академска година е проблематично. На пр. трудот излегол во 2018 г., а извешатите се однесуваат на 2017/2018 г. и на 2018/2019 г. Во кој извештај ќе го внесеме? Немаме секогаш информација за месецот на објавување на трудот за да сметаме дали бил пред септември (па ќе оди во старата академска година) или по септември (па ќе оди во новата академска година). Дури и да имаме, самото сметање оптоварува. Оттука ни се чини дека извештаите треба да бидат годишни за календарска година.
Затоа предлагаме:
1. Да се елиминира еден од двата годишни извештаи што ги поднесуваме и целиот наставен кадар да поднесува само ЕДЕН годишен извештај од кој ќе се влечат податоци за секакви потреби. Тој извештај да има јасно дефинирани ставки (може да се искористи образецот за извештај за макропроектот, кој опфаќа трудови, конференции, и кој може да се дополни со ставка за научни/стручни проекти и, можеби, опција „разно“ за некои активности кои не влегуваат во овие категории).
2. Да се отвори ЕДЕН ЗАЕДНИЧКИ документ во којшто ќе ги има сумирано податоците за научната работа на сиот наставен кадар. Едно решение е тоа да биде табела слична на табелата за ангажираноста (табела во Ексел, поделена по катедри со целиот наставен кадар) која би се споделувала со сите вработени еднаш годишно. Друго решение е документот да биде јавно достапен на пр. на веб-страницата на Факултетот (како сегашниот распоред на испити, поделен по катедри). На овој начин тој ќе биде од корист не само за наставниот кадар при давањето предлози за состав на комисиите за оценување трудови, туку и за студентите при барањето соодветен ментор за својот труд. Сметаме дека второто решение е подобро.
3. Да се задолжат библиотекарите еднаш годишно да ги внесат податоците за секој професор од катедрата. Да се определи рок во кој професорите ќе треба да го достават извештајот и рок во кој библиотекарите ќе треба да ги внесат податоците во тој еден документ. На тој начин, всушност, ќе имаме ЖИВА библиографија (и повеќе од тоа!) на целиот кадар на Факултетот достапна во секое време и за секого.
Освен тоа, со оглед дека одбраните на магистерските и докторските трудови се јавни, предлагаме да се задолжат менторите да го објават терминот за одбрана на трудот на веб-страницата на Факултетот. Технички тоа би се извело со праќање информација до администраторот, кој би ја објавил во делот „Известувања“ на веб-страницата. Предлагаме рокот за праќање и објавување на информацијата да биде најдоцна 1 седмица пред терминот.
Со почит,
Комисија за унапредување на наставата
Want to print your doc?
This is not the way.
Try clicking the ⋯ next to your doc name or using a keyboard shortcut (
CtrlP
) instead.