Во време на продолжена криза, сосема е очекувано некои од вас да имаат потреба да поразговараат со психолог во врска со сопствените механизми на справување со криза. Некогаш, едноставно разговор со родител или пријател е недоволен за суштински да помогне.
Сакаме да ве информираме дека ова право ви следува и можете да го остварите преку
(тел. 02 3130159). Имено, секој студент, покрај матичниот доктор во неговото место на живеење, има право на втор матичен доктор во Студентската поликлиника. Студентската поликлиника нема психолог, но може да закаже преглед преку
. На овој сајт, ако студентите изберат за специјалност „Медицинска психологија“, можат да се информираат за слободните термини кај психолози блиску до нив. Закажувањето се врши лично, преку шалтер во Студентска поликлиника или телефонски на 02 3130159. Шалтерот работи од 7.30-19.00 (паузи 10-10.30 и 15.30-16.00). Студентите можат да се обратат и по мејл на
За студентите кои не направиле прв систематски преглед, а сакаат да закажат, доволно е да дојдат со индекс на шалтер и со копија од првите две страни од здравствената книшка.
Want to print your doc? This is not the way.
Try clicking the ⋯ next to your doc name or using a keyboard shortcut (