Разговорите со колеги во врска со наставата несомнено се корисни. Но, низ прекажувањето можат да се изгубат, изумат или различно да се сфатат некои аспекти од наставата. Искусувањето нечија настава од прва рака, преку присуство на час, нуди можности за продлабочено размислување за наставата, како за гостинот, така и за домаќинот.
Нашиот совет е да го набљудувате часот на колега низ призмата на Вашата настава. Во Вашето размислување можете да се водите од следните прашања, иако ова се само идеи:
Што значи епизодата што ја забележав кај колегата за мојата настава?
За кои теми сакам дополнително да размислам/разговарам?
Дали сакам да направам некаква промена во мојата наставна практика?
Пишете ни накусо за Вашите искуства од меѓусебното набљудување часови со колега/и на