Студентите имаат многу да кажат за квалитетот на наставата што ја следат. Нивните коментари можат да поттикнат размислување за и преобмислување на наставата. Во таа смисла, повремената комуникација со нив може да има позитивно влијание на тоа како ни се организирани курсевите и што се случува во нивни рамки, а со тоа и на нашиот раст како наставници.
Предлагаме да им пристапите на студентите што слушаат некој ваш курс со куси прашања на кои анонимно би се изјасниле (на пр. преку употреба на алатки како ) барем два пати во текот на семестарот (на пр. кон/по средината на семестарот и кон крајот на семестарот). Ова би ви дало време да изреагирате на некои од нивните коментари и да проверите како студентите ја доживеале промената. Во продолжение, даваме некои идеи за прашања до студентите, иако тие често зависат од спецификата на предметот:
Што (не) ви се допаѓа во моментот во врска со курсот? Кои аспекти од курсот ви се чинат нај(не)корисни? Кои содржини ви се видоа наједноставни/најсложени? Што е најважното што досега го научивте на курсот? Дали некои ставови во врска со темата на курсот ви се променија како резултат на следењето на курсот? Што би промениле во поглед на содржините и/или начинот на кој е организиран курсот? Имате ли други предлози или совети?
По завршувањето на семестарот (на пример следниот, летен семестар), ве покануваме главните заклучоци да ги сумирате во Извештајот подолу и да ги споделите со Комисијата за унапредување на наставата, на Организирани по области и анонимизирани каде што е потребно, ваквите извештаи можат да бидат многу корисно четиво за колегите од областа (и не само) и извор на инспирација за идно иновирање.
Би сакале да соработуваме со наставниците кои ги интересира оваа форма на професионално усовршување, и заедно да ја унапредуваме.
Иницијатива за професионално усовршување „Прашајте ги студентите“: Извештај