На настанот учествуваа 25 колеги, наставници и студенти.
Д-р Мира Беќар го отвори настанот со свои искуства од употребата на портфолијата на часовите по Академско пишување, конкретно во врска со пишување резимеа (на пр. резимирање искуства, резимирање краток филм, резимирање текстови - на пр. на тема плагијати, пишување апстракти за конференција). Потоа се осврна на критериумите и рубриките за оценување.
Колегите зборуваа и за своите искуства со употреба на платформи за анонимна размена на коментари помеѓу колеги-студенти, на пр.
(која е бесплатна), како алатки за изработка на портфолија за пишување.
Се дискутираше и употребата на портфолија во наставата по превод - студентите изработуваат преводни задачи пред да дојдат на час, и на часот се дискутираат различни преводни решенија. По истиот принцип, наставата може да се организира со употреба на портфолија и на другите предмети: студентите се подготвуваат за час преку изработка на задачи за портфолио.
Имаше дискусија и за условите за работа на Факултет (на пр. големината на групите, конкретно на Англиската катедра) и колку тие се тесно поврзани со успешното спроведување на активности поврзани со алтернативните форми на оценување.