Се разговараше за наставата по јазик и, притоа, беа споделени и искуства од наставата по македонски јазик и од основното образование.
Во врска со предностите, беше истакнато дека онлајн наставата овозможува користење повеќе алатки и дополнителни материјали – целиот компјутер може да се користи, односно да стане табла, бидејќи наставникот има слобода да сподели каков било документ без претходни подготовки.
Беше спомената употребата на интерактивни алатки за настава, на пр. Падлет (
Се потенцираа предизвиците и проблемите поврзани со изведувањето на испитите: усните испити може да траат предолго, ако се работи за поголеми групи; колоквиумите на Мајкрософт/Гугл формс може да содржат повеќе типови прашања (и отворени прашања и прашања со повеќечлен избор).
Некои од наставниците се определиле за класично изведување на испитите преку поставување неколку прашања и ограничено време за устен одговор.
Се спомена и можноста од испит преку аплицирање на теориските знаења, преку кој би се избегнале можностите за мамење на испитот, а и уште подобро би се развиле способностите за практична примена на знаењата кај кандидатите.
Се нагласи загриженоста од недостигот на можноста за континуирано следење на студентите, особено оние од прва година, со кои, практично, целокупната настава се одива на далечина од првиот момент.