Skip to content
Gallery
Classroom observations 2024/25
Share
Explore
Motivation

icon picker
Траума и настава

Еден од повпечатливите настапи на годинешната интернационална конференција во Брајтон, IATEFL 2024, беше предавањето на Адам Кроудер во врска со трауматичните искуства низ коишто секој минува (траума со мало т - на пр., нељубезен коментар од колега или пријател) или потешки трауми (трауми со големо т - на пр., сообраќајка, физичко или психичко насилство) и нивниот третман во училницата. Што научив од неговата презентација?
Поливагалната теорија на Стивен Порџиз (Stephen Porges) е базирана на улогата на нервот Вагус во рамките на автономниот нервен систем, којшто ги контролира оние процеси во телото врз кои немаме контрола, на пр. пулсот, дигестијата. Овој нерв влијае на тоа како перцепираме сигурнос и опасност. Според Поливагалната теорија, нервниот систем функционира на три хиерархиски поставени нивоа:
- Вентрално вагално (на ова ниво сме релаксирани, отворени за дружење)
- Симпатетично (на ова ниво сме на штрек, спремни да се тепаме или да бегаме)
- Дорсално вагално (на ова ниво се чувстуваме скаменето, неспособни за каква било реакција).
Според оваа теорија, луѓето потсвесно забележуваат безбедност или опасност, и таквите потсвесни перцепции ги обликуваат нивните интеракции со средината. Низ оваа теоретска призма можат да се објаснат реакциите на луѓето на траума, кога случки од минатото можат да поттикнат одбранбени реакции во сегашноста, кога навидум нема потреба од никаква одбрана.
Како е оваа теорија корисна за наставниците? Наставниците можат да забележат кога некој ученик се однесува на истрауматизиран начин (независно дали се работи за траума со мало или со големо Т), да забележат дека е во симпатетична состојба, и да помогнат ученикот да се придвижи кон вентрално-вагална состојба. Активностите што можат да помогнат во вакви ситуации не мора да бидат којзнае колку сложени – некогаш е доволно вниманието на ученикот да се оттргне од изворот на траума, на пр. преку некоја едноставна физичка или медитативна вежба. Или преку пружање топла, безбедна, игрива средина за ученикот да се „придвижи“ нагоре по поливагалното скалило (видете ја илустрацијата во продолжение).
image.png
Видете ги и слајдовите на Адам:
а корисно е и следново видео за да разберете што значи Поливагалната теорија:

Want to print your doc?
This is not the way.
Try clicking the ⋯ next to your doc name or using a keyboard shortcut (
CtrlP
) instead.