Skip to content
Gallery
Classroom observations 2024/25
Share
Explore
Motivation

icon picker
Понесеност

Набљудувајќи успешни професионалци во своите области, Чиксентмихаји (Csikszentmihalyi, 1997) ја развива Теоријата за оптимално постоење, т.е. Теоријата за понесеност (англ.: Flow). Теоријата се заснова на концептот проток на енергија – состојба во која активноста толку го понесува и вовлекува поединецот, што сè друго за момент како да престанува да постои. Искуството е толку пријатно, што поединецот би сторил сè, дури ако тоа подразбира и изложување на опасност, само да го продолжи своето „оптимално постоење“. Креативниот проток на енергија што се случува во тек на активноста има моќ да го пренесе поединецот во сосема нова реалност, мотивирајќи го да постигне дотогаш незамисливи висини во областа. Чиксентмихаји ја претставува суштината на својата теза преку Приказ 1, каде хоризонталната и вертикалната оска ги означуваат нивоата на вештина, односно предизвик. Точката А се однесува на поединецот во експериментот, кој за потребите на тезата е поставен во позициите А1, А2, А3 и А4.
image.png
Приказ 1: Концептот на проток (понесеност) според Теоријата за оптимално постоење според Чиксентмихаји (Csikszentmihalyi, 1997)
Како што се гледа од приказот, само позициите А1 и А4 се наоѓаат во состојба на креативен проток, поради соодветното „дозирање“ на нивоата на вештина и предизик. Се смета дека А4 претставува покомплексно искуство од А1 поради повисоките нивоа на вештина и предизвик. Несоодветните нивоа на вештина или предизвик, од друга страна, предизвикуваат чувства на вознемиреност и трема во позицијата А3 (ниско ниво на вештина и високо ниво на предизвик) и здодевност во позицијата А2 (високо ниво на вештина и ниско ниво на предизвик). Чиксентмихаји напоменува дека објективно вистинските нивоа на вештина и предизвик не мора секогаш да значат дека поединецот ќе се наоѓа во состојба на „оптимално постоење“. Оваа состојба пред сè зависи од тоа како поединецот ги перципира нивоата на вештина и предизвик.
Настап на Михаји Чиксентмихаји на тема понесеност:
Want to print your doc?
This is not the way.
Try clicking the ⋯ next to your doc name or using a keyboard shortcut (
CtrlP
) instead.