Skip to content
Motivation

icon picker
Умствени склопови

Двек (Dweck, 2017) конципира два генерални типови на умствен склоп (англ.: mindsets), статичен и динамичен, во врска со тоа какви перцепции имаме за тоа кои сме и за што сме способни.
Под статичен умствен склоп, таа мисли на убедувањето дека нашите способности се фиксни, небаре исклесани во камен. Во контекст на настава, учениците честопати велат дека немаат талент за некоја од јазичните вештини (на пр. зборување или пишување). Ваквите перцепции можат да доведат до помало залагање во унапредувањето на вештините поради стравот од грешки, како и тенденција постојано да ја докажуваме својата вредност.
Од друга страна, динамичниот умствен склоп се однесува на перцепциите дека нашите способности се само почетна (никако конечна) точка и дека се и тоа како подлежни на развој преку вложување труд и преку нашите релации со околината. На грешките се гледа како на важен одговор од страна на средината во врска со нашето однесување и неопходна фаза од развојот. Како што вели Двек: „Зошто да трошиме време во докажување колку сме добри кога може да стануваме уште подобри? Зошто да ги криеме недостатоците наместо да ги надминуваме?“ (2017: 7).
Настап на Карол Двек на тема умствени склопови:


Want to print your doc?
This is not the way.
Try clicking the ⋯ next to your doc name or using a keyboard shortcut (
CtrlP
) instead.