Skip to content
Gallery
Classroom observations 2024/25
Share
Explore
Motivation

icon picker
Самоефикасност

Самоефикасноста (англ.: self-efficacy) на Бандура (Bandura, 1997) се однесува на перцепциите за тоа колку успешно можеме да сработиме некоја задача во дадена средина. Колку се попозитивни таквите перцепции, толку поверојатно би било мотивираното однесување. Самоефикасноста ја обликуваат четири извори на информации:
- Успешни работни искуства
- Опсервации на туѓи искуства
- Реакции на средината во врска со нашите искуства
- Емоционални реакции на сопствените искуства.
Значи, практичната работа што нѐ исполнува, во комбинација со набљудување на работата на колеги и земање предвид на мислењата на колегите за нашата работа би требало да ја засили нашата самоефикасност.
Но, треба да се внимава со самоефикасноста, бидејќи постои ризик да формираме самоперцепции кои се препозитивни и нереални. Опасноста од таквата преувеличеност е тоа што таа може да го ограничи критичното преиспитување на сопствената работа и во таа смисла да го намали опсегот на учење и развој (Wyatt, 2015). И ниските нивоа на самоефикасност можат да го ограничат мотивираното однесување, особено кога не се придружени со развоен умствен склоп. На ова се осврнуваме во продолжение. Главната импликација за наставата е да се дестабилизираат преувеличините, а да се поттикнува развојот на ниските самоперцепции со цел да се унапредува самоефикасноста.

Want to print your doc?
This is not the way.
Try clicking the ⋯ next to your doc name or using a keyboard shortcut (
CtrlP
) instead.