Share
Explore

Колажна работилница на Филолошки

На 12.4.2025 (сабота), веднаш по општинскиот натпревар по англиски јазик на ЕЛТАМ МК, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ се одржа работилница на којашто средношколците преку колажи размислуваа за нивната Англиска катедра од соништата. Како изгледа да се студира на таа катедра? Што и како се работи? Каква е атмосферата? Ова се за задачата.
Ова беше можност за средношколците на забавен начин да се „транспортираат“ во нивната факултетска иднина и да ја истражат и зајакнат својата академска и лична мотивација. Наставниците од Филолошкиот факултет, пак, дознаа за очекувањата на средношколците и имаат можност да размислат како да ја доближат академската реалност до нивните идеали.
Погледнете ги и на неколку наставници што не успеаја да одолеат на креативниот предизвик, па се вклучија во размислувањата за идеалите во образованието.
Со средношколците работеа Елена Ончевска Агер, Калина Малеска, Мила Виларова и Ивана Цветанова од Катедрата за англиски јазик и книжевност.

Want to print your doc?
This is not the way.
Try clicking the ⋯ next to your doc name or using a keyboard shortcut (
CtrlP
) instead.