Психосоцијална поддршка: Проект на Филолошки
Share
Explore

icon picker
Концепција

Градиме нови простори со Лина Ќостарова-Унковска
Врз база на досегашните истражувања и контакти со наставниците и студентите, Комисијата за унапредување на наставата воочи дека во овој пандемиски период (но не само тогаш!) на наставниците и студентите им е потребна некоја форма на психосоцијална поддршка. Наставниците се во непосредна и континуирана комуникација со студентите и се во позиција да насочат/помогнат кога и каде можат, но не секогаш се чувствуваат подготвени за таквите предизвици. Од друга страна, за воопшто да можат да бидат од помош, и самите треба да умеат да се грижат за својата психосоцијална состојба.
Со таа цел, Комисијата организира психосоцијална интервенција со работен наслов „Психосоцијална поддршка на наставниците и студентите од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во услови на пандемија“. Се работи за серија виртуелни средби во периодот март-јуни 2021 под раководство на клиничкиот психолог Лина Ќостарова-Унковска. Во рамките на средбите би се лоцирале критични точки за помош врз база на емпириски податоци и би се отпочнале групни дискусии со цел унапредување на образовните и личните услови за работа, на пр. преку поголема вклученост на сите засегнати страни во релевантните процеси, континуирана комуникација и формирање тимови и мрежи на соработка и поддршка.
Share
 
Want to print your doc?
This is not the way.
Try clicking the ⋯ next to your doc name or using a keyboard shortcut (
CtrlP
) instead.