Skip to content
Настани

icon picker
Средби со професијата: Настава

Студентите и наставниците од Филолошки ќе разговараат со стручњаци од практиката за новите предизвици во професијата, за подготовката што се нуди (или не) на факултет, за она што би им го порачале на идните колеги и како да се унапреди професијата во земјата.

Најава

Панелисти:
Маја Стојкова Трифуновска, директор за настава во Линвалинк
Емилија Стојановска, наставник по англиски јазик во ОУ „Браќа Миладиновци“, с. Миладиновци, Скопје
м-р Стево Павловски, професор по Македонски јазик и литература при СГГУ на ГС "Здравко Цветковски" - Скопје
д-р Марија Соколова, професор по Македонски јазик и литература во СОУ ,,Гошо Викентиев" - Кочани и предавач по предметот Македонски јазик за странци за интернационалните студенти на Институтот за јазици при Филолошкиот факултет на УГД - Штип
По кусите излагања на панелистите, во дискусијата се поканети да земат учество сите колеги: студенти, наставници и други стручњаци од наставата по јазици.
Време: 6.5.2021 (четврток) од 17:00 часот
Место: Зум
Topic: Средби со професијата: Настава
Time: May 6, 2021 05:00 PM Sarajevo, Skopje, Zagreb
Join Zoom Meeting
https://zoom.us/j/96365888839?pwd=YURQeTZkM0RiMVZSeGJUV21xK2pOdz09
Meeting ID: 963 6588 8839
Passcode: 261521

Белешки од настанот

На дискусијата присуствуваа 32 колеги. Настанот започна со излагања на панелистите, а беше проследен со отворена дискусија.
Маја Стојкова Трифуновска зборуваше за важноста на наставата по методика и фонетика на англискиот јазик при вработувањето во училиштето на идните професори, како и поинтензивната практична настава која студентите ја посетуваат во училиштето пред да добијат сопствени групи. Минувањето месец-два во училница со наставник дало исклучителни резултати. При вработувањето е мошне важно да се познаваат дескрипторите за јазични нивоа (на пр. според Европската рефрентна рамка), што се’ уште е недостиг кај потенцијалните кандидати, како и испитите кои се поврзани со дескрипторите, вклучувајќи ги и испитите за деца. Планирањето на часовите исто така е област која треба да се унапреди.
Емилија Стојановска се осврна на проблемот при изготвувањето на годишни програми од страна на наставникот врз база на програмите на Бирото за развој на образованието (БРО), особено кога се работи за почетници. Студентите, а и самите наставници, имаат потешкотии во прилагодувањето на наставата при работата со деца со посебни потреби (идеја за вежба со студентите: адаптирајте редовна активност за студент со посебна потреба), како и при работа со комбинирани паралелки. Сето тоа бара од студентите да бидат подготвени на различни предизвици при вклучувањето во наставниот процес. Корисно е да се изработи библиотека за дигитални алатки (на пр. листа со линкови), кои веќе се користат и ќе се користат и натаму, независно од начинот на изведувањето на наставата. Емилија ги препорача следниве дигитални алатки за подобрување на интерактивноста во наставата: , и
Д-р Марија Соколова зборуваше за впечатокот дека дистанцата помеѓу наставникот и студентот во современото образование се намалува. Професијата можеби не се цени доволно, но е благородна. Во врска со работата со странските студенти, нивото А1-А2 е доволно за запишување на македонски факултет. Тоа се должи на бројот на часовите за едно ниво - 240 часа, односно 480 за двете нивоа. Кај учениците/студентите, па и во медиумите, очигледни се проблемите во писменото изразување.
М-р Стево Павловски се фокусираше на неговите искуства од магистерските студии, кои воделе до неговата прва публикација, и генерално, до креативна настава. Вклученоста на студентите е клучна во образованието, но учениците не покажуваат интерес да бидат активно вклучени во наставата, особено кога станува збор за наставата по литература. Учениците не покажуваат интерес за читање на содржините предвидени во програмата, иако тие се намалени во обем во споредба со времињата кога Стево студирал. Во врска со студирањето, важно е сите студенти да слушаат Македонски јазик барем една година. Исто така, треба да се изедначи бројот на часовите во средното стручно и гимназиско образование и да се вметнат предмети за развивање на писмениот израз. Тој говореше и за воннаставните активности од типот на Драмска уметност и неговата соработка со Факултетот за драмски уметности.
Во дискусијата што следеше учество земаа наставници и студенти од Филолошкиот факултет. Се разговараше за фронталните предавања на Едуино што промовираат експлицитно предавање граматика, иако на нив може да се гледа и како некој вид flipped classroom - учениците ги проследуваат директните предавања како подлога за дискусија.
Во практиката, постојат нелогичности. Според БРО, наставникот има простор да отстапува од книгата до 30%. Ова не е секогаш можно, бидејќи некогаш книгата не соодветствува со програмата и недостасуваат 50% од содржините и/или учебниците се застарени. Предлог: на дискусии од овој тип да има луѓе и од БРО и од МОН.
Се дискутираше и за искуствата на наставниците во врска со авторско креирање материјали, меѓу другото и преку менторирање. Се потенцираше важноста наставниците да бидат креативни и постојано да иновираат во својата настава. Од друга страна, издавачките куќи доставуваат веќе подговени наставни планирања, а со новите учебници доаѓа и софтвер, што може да ја ограничи креативноста на наставниците, но може да послужи и како инспирација за идно иновирање. Менторирањето постои, но често пати формално и без соодветна обука, иако има исклучоци.
На прашањето дали и колку е важно наставниците да бидат истражувачки активни (на пр. да публикуваат), одговорот беше дека е важно, како форма на професионална надградба. Наставникот не треба да престане да учи.
Беа споделени искуства околу организирање читателски работилници, а се дискутираше и за воннаставните активности кои ја поттикнуваат интеракцијата со учениците. Имено, при Центарот на Универзитетската агенција за франкофонија при УКИМ веќе фунционира читачки клуб. Исто така, се предложи поттикнување на читање различни видови текстови надвор од програмата по англиски јазик (на пр. сликовници, лектири) со оглед на зголемениот фонд часови.
Студентите се интересираа за начините на кои можат да го проверат сопственото јазично ниво (), и како да го следат сопствениот развој како наставници: ,

Снимка од настанот


Want to print your doc?
This is not the way.
Try clicking the ⋯ next to your doc name or using a keyboard shortcut (
CtrlP
) instead.